05 Декември, 2025
0.0338

Расте имотот на Путин, поседува два стана и три автомобили

Објавено во: Стил 12 Април, 2013 19:56

Добивај вести на Viber

Расте заработката на рускиот претседател Владимир Путин. Тој заработил 5,79 рубљи во 2012 година наспроти 3,7 милиони во 2011 година, покажа анкетниот лист кој денеска беше објавен на официјалната интернет страна.

Според анкетниот лист, Путин има два стана со површина од 153,7 и 77 метри квадратни, парцела со површина од 1.500 метри квадратни во Московската област, гаража од 18 метри квадратни. Има и три автомобили - два ГАЗ и еден Нива. Неговата сопруга Људмила, лани имала приходи од 121.374 рубљи, во споредба со 443.000 рубљи во 2011 година.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев заработил 5,8 милиони рубљи во 2012 година, додека како најбогат службеник во претседателската администрација е помошникот на Путин, Јуриј Трутнев, поранешен за природни ресурси и екологија, со приходи над 210 милиони рубљи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: