РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ: За еден ден се самопопишале над 20.000 луѓе
Објавено во: Македонија 22 Март, 2021
Расте интересот за самопопишување. Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска на прес - конференција информираше дека во последното деноноќие се попишани повеќе од 20.000 граѓани, македонски државјани кои живеат и престојуваат во странство.
Таа рече дека ова нагло зголемување се должи на викендот и смета дека кампањата што се води во странство ги дава резултатите, апелирајќи до граѓаните да се самопопишуваат. Додава дела тоа е многу едноставна процедура, која е лесно достапна и брзо се завршува.
„Податоците што се даваат се безбедни и максимално заштитени и ќе се користат исклучиво како податоци само за статистички цели“, изјави Ѓоргиева.
Главниот попис во земјава ќе почне на 1 април, а викендов заврши последниот дополнителен конкурс за попишувачи, на кој се пријавиле над 2.600 лица или околу 800 повеќе од она што требало во одредени пописни реони и нагласи дека се задоволни од одзивот. Вчера се направени списоците, а денеска во сите пописни реони каде се барале попишувачи има тестирање на кандидатите, и се очекува во следните денови да ги имаат резултатите и да почнат да се изготвуваат решенијата за ангажирање на попишувачите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.