Раул Гонзалез си поднесе оставка
Објавено во: Стил
04 Февруари, 2019 12:19
Добивај вести на Viber
Харизматичниот ракометен тренер Раул Гонзалез повеќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација откако одлучи предвреме да го раскине договорот со РФМ.
Соработката требаше да важи до 2020, но шпанскиот стратег се одлучи на ваков потег по испаѓањето на црвено-жолтите уште во првата фаза од Светското првенство во Германија во јануари.
РФМ во денешното соопштение како главна причина за оставката ја наведува неговата работа во Франција поради која не може тековно да ги следи случувањата во нашиот ракомет.„Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката“, се вели во соопштението.
Популарниот „Ел Команданте“ е тренер на францускиот гигант ПСЖ откако од клупата го предводеше скопскиот великан Вардар кон титулата европски шампион.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: