15 Декември, 2025
0.0312

РАЗБУДЕТЕ СЕ: Ова се сите состојки на ЦИГАРИТЕ за кои тутунските компании не сакаат да знаете

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2015 20:57

Добивај вести на Viber

Ако мислевте дека главната состојка на цигарите е лист од тутун се излажавте. Во цигарите заедно со тутунот се наоѓаат уште 597 состојки.
Тутунската индустрија стана мајстор во мешање на адитиви со состојките на цигарите. Иако некои состојки додаваа вкус, најновите истражувања покажаа како адитивите се користат за нешто многу пострашно.Во разни адитиви се наоѓаат одредени средства кои ја зголемуваат зависноста од цигари.
Главна состојка на цигарите е зелена лисната билка која се одгледува во топлите клими - тутун. Но, некои земјоделци користат хемикалии за раст на тутунот. Некои користат ѓубрива за да биде побогата земјата, но инсектицидите не ги убиваат само инсектите кои ја јадат билката на тутунот.
Откако тутунот се собере, тој се суши и ситни со помош на машини. После тоа во целата смеса се додаваат ароми и хемикалии. За да можат пак цигарите да горат во нив се додаваат одредени хемикалии.
Хемичарите имаат решение за горчливиот вкус на цигарите - уште повеќе хемикалии.
Дали знаевте дека со додавање на амонијак во цигарите се овозможува брза апсорпција на никотинот преку белите дробови? Тоа значи дека вашиот мозок добива поголема доза никотин со секое вдишување. Најважните токсични состојки кои се користат како цигарите би биле повкусни и побрзо би гореле, а со тоа и ефикасно би создавале зависност се: Никел е канцероген и токсичен, а во случај доколку се проголта, предизвикува гастроинтестинални проблеми. Амонијакот се користи за чистење во домаќинството. Арсен се користи како отров за глувци. Бензенот е се користи во изработка на бои, синтетичка гума. Бутан гас се користи како течност во запалките. Јаглерод моноксид е отровен гас. Кадмиумот се користи во батерии. Цијанид е смртоносен отров. ДДТ е забранет инсектицид. Етил фуроат предизвикува оштетување на црниот дроб кај животните. Оловото е токсично во големи дози. Формалдехид е безбоен, отровен гас со остар мирис кој се користи за зачувување на мртвите тела. Метопрен е инсектицид. Малтитол е засладувач за дијабетичари Нафталин Метил изоцијанат - неговото случајно испуштање во Бопал, Индија во 1984 година усмрти 2.000 луѓе. Полониум е радиоактивен елемент кој предизвикува рак. Ацетон е главната состојка во отстранување на лакот за нокти. Најпознати хемикалии во цигарите Трите најчести и најпознати хемикалии во цигарите се никотин, катран и јаглерод моноксид. Никотиот е отровна дрога која е главната состојка во инсектицидите или спрејовите против бубачки. Во својот чист облик само една капка никотин на јазик може да ве убие. Катран е масна состојка која останува откако тутунот минува низ филтерот. Кога пушачот вдишува многу катран тој ги зацрнува неговите бели дробови. Јаглерод моноксидот е отровен плин. Пушачот вдишува плин кој се наоѓа во издувните гасови на автомобилите. Овој плин му смета на дишниот состав како и циркулација (работата на срцето, артериите и вените).

Можеби ќе ве интересира

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026