16 Мај, 2024
0.0353

Разгалени милионери се натпреваруваат – кој повеќе ќе потроши

Објавено во: Стил 12 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Разумот очигледно за нив не беше пречка и расфрлувањето со пари, па странските медиуми шпекулираат дека ова можеби е најголемата сметка направена некогаш во клуб. Двајца руски мултимилионери потрошиле околу 130 илјади фунти натпреварувајќи се кој може повеќе да потроши во новоотворениот клуб Kitsch во Лондон. Сето тоа започнало со нарачување на шампањско, Dom Perignon и Кристал, а продолжило со шапмањот Круг од 1990 година. Следуваше Чивас Регал виски, неколку еспресо мартини, и конечно се испија 30 шишиња од Кристал и 64 шишиња од Dom Perignon, пишуваат британските медиуми. „Тоа беше една од најбизарните ноќи на кои сум присуствувал. Две момчиња се натпреваруваа кој од нив ќе купи повеќе шампањ Ако еден нарачаше пет шишиња, другиот бараше шест или седум", изјави еден гостин, и додаде: „Околу некои нивната маса се собра армија на убави жени, а реално,  им требаше помош околу шампањот. " Сопствениците на клубот не сакале да го откријат идентитетот на своите посетители, но сепак на интернет се појави сметката.