18 Декември, 2025
0.0421

Разлики во вкусот, изгледот и составот: Компании продаваат храна со помал квалитет во Источна Европа

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2017 16:44

Добивај вести на Viber

Големите компании продаваат повеќе квалитетна храна во Австрија, отколку во Унгарија, иако се очекува да биде иста, обвинуваат од владата во Будимпешта.

Унгарската агенција за безбедност на храната испита 24 производ продадени во двете земји од меѓународни ланци како Lidl и Aldi. Институцијата утврдила дека предложената верзија на вафли "Маниер" во земјата се помалку крцкави, а течниот крем "Нутела" не е толку сладок како австрискиот еквивалент, соопштува интернет изданието Euractiv.

„Ова е најголемиот скандал во последните години. Вчудоневиден сум од прочитаното во извештајот“, изјавил Јанош Лазар, шеф на кабинетот на Виктор Орбан и додал дека владата ќе ја започне големата проверка на понудените производи во Унгарија , но без да објасни какви мерки ќе бидат преземени.

Унгарија не е сама во својата загриженост, пишува Euractiv наведувајќи Словачка за пример, каде што институциите се загрижени за квалитетот на храната, кои исто така пронашле разлики во вкусот, изгледот и составот во десетина производи, се продавани како во земјата, така и во Германија и Австрија. Владата се очекува да го покрене прашањето на европско ниво.

„Клиентите очекуваат ист квалитет од истата марка, независно каде се произведуваат или продаваат производите“, изјавил словачкиот министер за земјоделство и рурален развој Габриела Матечна во почетокот на неделата.

Инспекторите во Словачка тестирале 22 намирници кои се продаваат во трговските синџири во Братислава и граничните градови на земјата со Австрија во ноември и декември 2016 година . Проверени се млечни, месни и рибни производи, чоколади, тестенини и пијалаци така што се испитувани нивните пакувања, вклучувајќи го составот и тежината, како и боја, вкус и мирис.

„Во половина од производите се утврдени разлики кои имаат значително влијание врз нивниот квалитет“, изјавил Матечна. „Најмногу во производите кои се продаваат во Словачка, во кои се забележува помал процент на месо, повисок процент на масти, вештачки засладувачи и конзерванси, и мала тежина во грамови, додаде таа.

Темата беше покрената од Словачката асоцијација на корисниците уште во 2011 година.Таа претстави свое истражување кое утврдило дека водечки мултинационални компании спакуваат под истото име производи со различен состав и квалитет во зависност од државата, за која се наменети. Авторите на истражувањето велат дека источните земји консумираат производи со неквалитетни состојки за разлика од западноевропејците.

Тогаш Европската комисија ги отфрли обвинувањата дека меѓународни компании продаваат производи со понизок квалитет во Источна Европа, како неосновани. Според комисијата компаниите се слободни да ги прилагодат своите производи за различни пазари и не се обврзани да шират исти производи од одредена марка во сите европски земји.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје