18 Декември, 2025
0.0891

Размрдување на домашната оператива: Бетон ангажиран на два тендери

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2020 07:16

Добивај вести на Viber

Домашната градежна компанија „Бетон“ го доби тендерот од Агенцијата за државни патишта за рехабилитација на државниот пат А2 од Куманово до Страцин за втората фаза. Тендрот е тежок над седум милиони евра и еден од повредените во последниот период. Истата компанија е победеник на јавниот оглас на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, па за 1,7 милиони евра ќе треба да ги изведе инфраструктурните објекти односно сообраќајната, хидортехничката, гасоводната и електротеничката инфраструктура за делови од ТИРЗ Скопје 2

Компанијата Бетон се најде меѓу компаниите кои добиле најголеми јавни набавки во последните седум дена. Претходно беше објавено дека Гранит ќе ги гради првите два километри од автопатската делница од Скопје до Блаце и тоа за 14,3 милиони евра.

Ќе успеат ли домашните градежни компании повторно да го фатат редот и да добиваат државни тендери со кои ќе го билдаат градежниот раст, па и вкупниот економски раст. Дел од нив, меѓу кои и Бетон и Гранит имаа солиден колач од државниот буџет за изградба во претходните години. Стопирањето на некои градежни активности, значеше и помала ангажираност на домашните фирми, но извесното размрдување на активностите може да биде исклучително позитивно и за нив и за секторот.

Познавачите велат дека Владата итно треба да превземе мерки за поттикнување на градежниот сектор, затоа што ефектите ќе бидат повеќекратни – тоа ќе влијае на раст на економијата и ќе ја спречи емиграцијата. Стопанството бара државата да се фокусира на зголемување на капиталните инвестиции, но и да креира нови конкрентни проекти со кои ќе се ангажира домашната градежна оператива.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје