Разузнавачи тврдат дека Русија сака да го скрши моралот на Украинците
Објавено во: Свет 18 Септември, 2022
Британското разузнавање тврди дека Русија е насочена кон моралот на украинскиот народ.
Според нив, Русија го зголеми бројот на цели меѓу цивилната инфраструктура во обид да го поткопа моралот на Украина – народот и владата.
Синоќа Русија изврши три удари во областа Никопол – со „Град“ и тешка артилерија, објави шефот на воената управа на регионот Дњепропетровск, Валентин Резниченко.
Според него, самиот Никопол е гранатиран два пати. Како резултат на тоа се повредени три лица: 49-годишна жена и двајца мажи на возраст од 26 и 82 години.
Во градот оштетени се неколку десетици висококатници и приватни куќи, автомобили, плински и електрични водови. Во еден од маркетите избувнал пожар.
Руските сили гаѓале градинка, неколку продавници, фризерски салон и зградата на локалната управа.
Погоден е и центарот на Крематорск. Но, не се знае дали таму има жртви.Деновиве имаше удари врз електричната мрежа и брана на реката Ингулет во Криви Рих. Русија досега истрела неколку илјади проектили со долг дострел во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека Русите ќе одговараат и на боиштето и на суд. Зеленски синоќа изјави дека продолжува работата на ексхумацијата на телата во Изjум, во областа Харков, кои биле пронајдени на местото на масовна гробница.
foto EPA/SERGEY KOZLOV