17 Мај, 2024
0.0296

РЕАКЦИИ НА БИЗНИСМЕНИ: Дали поскапите горива ќе ги „вивнат“ цените на други производи?

Објавено во: Економија 30 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Новото поскапување на нафтените деривати во бизнис секторот е дочекано со бројни реакции. Дел од стопанствениците прават пресметки и анализи за последиците од растот на цените а дел пак предупредуваат дека на удар се малите компании од транспортниот сектор. Бизнисмени за “Фактор“ коментираат дека краткорочно, не очекуваат зголемување на цената на крајните производи и услуги, но среднорочно, со сегашната динамика на поскапување на горивата, не е исклучено дека ќе се “одмота“ инфлациската спирала. Од Владата соопштија дека не планираат да преземат мерки за можниот ценовен бран.

Трошоците на фирмите растат ..

За една година, цената на нафатата е зголемена од 30% до 35%. Ова го покажале пресметките на Стопанската комора на северозападна Македонија, отако и вчера се случи ново поскапување на нафтените деривати. Од таму велат дека засега, краткорочно, не очекуваат ова зголемување да влијае на крајните цени, но посочуваат дека сепак овој пораст значи зголемен трошок за компаниите.

“Иницијално компаниите се подготвени да ги намалат профитите наместо да ги зголемат крајните цени на услугите и производите но овој период нема да трае долго. Зборуваме за зголемени трошоци на фирмите по основ на нафта за 35%, ова значи дека или ќе мора да се зголеми крајната трошковна цена или да се намали профитот на компанијата“ - вели Милаим Амети од Комората на северозападна Македонија.

Дел од фирмите од транспортниот сектор веќе реагираа дека најголемиот удар е токму во овој бизнис и побараа од власта да размисли за поврат на акциза на помалите транспортни компании.  Од Владата велат дека нема да се менува методологијата за пресметка на цената на нафтените деривати се додека за тоа не одлучи Регулаторната комисија, не се планира ниту мерка “поврат на акциза“.

„Дизелот во Република Македонија и понатаму е најевтин во целиот регион. Јас мислам дека ние ќе мораме да ги применуваме праксите онакви какви што се во светот. Гледате дека во светот вредноста на тие горива се доближува. Она што сакам да го кажам се две работи. Многу е важно да кажеме таа акциза каде ќе се употреби – таа ќе се употреби во буџетот за корисни работи и она што е многу важно, дизелот и понатаму во споредба со другите соседни држави е најевтин“ – вели вицепремиерот Кочо  Анѓушев.

Дали поскапите горива, кои имаа значаен удел во трошоците на компаниите, ќе ја “подгреат“ инфлацијата? Дел од бизнисмените засега не очекуваат инфлациски притисок но предупредуваат на внимателност и будно следење на состојбата од страна на Владата.

“Последното и претходните зголемување на цените на горивата се одлука на регулаторот, односно се работи за влијание на надоворешни фактори, клучен е секако оној за раст на цените на нафтените деривати на светски берзи.  Владата сепак треба да ја следи состојбата. Во моментов нема причина за преземање на некои порадикални потези за интервенција за да се амортизира ценовен удар, но овие опции секогаш  се отворени и достапни“ - вели Миле Бошков од Бизнис конфедерација на Македонија.

И со сегашните цени на дериватите, Македонија во однос на регионот важи за земја со пониски цени, друго е прашањето колку овие цени се компатибилни на нашиот стандард но колку учествуваат во трошокот на компаниите – коментираат дел од стопанствениците.

“За период од една година цената на нафтата се зголеми од 30% до 35%, што не е воопшто симболично зголемување, бидејќи ова значи дека за овој процент се зголемил и трошокот на фирмите. Енергенсите во инфлацијата пак имаат удел од 10% и затоа засега не очекувам дека ова поскапување ќе изврши повидлив инфлаторен притисок“ - вели Амети од Комората на северозападна Македонија.

Според проекциите на Народната банка, годинава инфлацијата ќе се движи околу 2%.

“Најновите проекции на цените во домашната економија упатуваат на задржување на амбиентот на стабилни цени и отсуство на позначителни инфлациски притисоци. Се очекува дека стапката на инфлација во 2018 и 2019 година ќе изнесува околу 2%, исто како во претходниот циклус проекции, што значи одредено забрзување во споредба со растот на домашните цени во претходната година“ – се наведува во најновиот, мајски извештај на НБРМ.

И вчера, опозициската Вмро Дпмне побара од Владата да се укине зголемената акциза, со став дека таа придонела за раст на цените на нафтата а со тоа и на инфлацијата. Од СДСМ возвратија дека не било точно оти  постои инфлациски притисок , како што не било  точно дека, како што велат,  минималното зголемување на акцизата за нафтата влијае на покачување на цените во малопродажбата.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати