18 Мај, 2024
0.0284

РЕАКЦИИ: Што ќе донесат новите закони за пензискиот стаж и придонесите?

Објавено во: Економија 24 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Новите пет законски решенија поврзани со измени во условите за пензионирање и плаќањето на државните придонеси, го отворија прашањето - во каква состојба се наоѓаат двата социјални фонда? Според новите законски одредби, граѓаните ќе имаат избор дали ќе одат пензија на 62 години за жени и 64 за мажи, или ќе си го продолжaт работниот век најмногу за три години. Другата мерка се однесува на авторските договори и договорите за дело, поточно работодавецот ќе мора да плаќа придонеси за пензиско, инвалидско, здравствено и социјално осигурување ако договорот е склучен над минималната плата. Токму ова решение отвори серија дилеми и недоречености во јавноста. Според експертите, тоа што Владата ги измени законите, е доказ дека пензискиот и здравствениот фонд се во лоша состојба. Аналитичарот Слободан Најдовски, смета дека  новите законски одредби се само акутни ршенија, кои ќе траат две до три години. Најдовски смета дека Владата избрала решение со кое меѓу редови признава каква е состојбата во двата фонда и за да не предизвика револт кај работниците со потешка работа го остава правото на избор за пензионирање.
„Треба да се каже дека самата иницијатива за измени на условите за пензионирање само покажува дека пензискиот фонд е во тешка ситуација и мораше да дојде до ова законско решение. Во стопанските гранки кои немаат физичка напрегнатост работниците ќе си го одложат пензионирањето, но со тоа ќе се зголемат оптоварувањата на фирмите за плаќањата по основ на пензиско, инвалидско и здравствено осигурување. Со самото тоа што се воведоа измени и по однос на договорите на дело и авторските договори, владата призна дека нашите социјални фондови се во тешка состојба. Сметам дека ова решение е акутно и ќе ја одложи агонијата на фондовите на краткорочен период, нема да застане на нозе фондот, но во некои две до три години можеби нема да има потреба од задолжувања наменети за фондот. Но ова не е долгорочно решение. Пензискиот фонд ќе се соочува и понатаму со големи проблеми, мерките се лоши за пензискиот фонд кој еден ден ќе не доведе да донесеме уште порестриктивни мерки, дали тоа ќе биде за две или три години, ќе видиме. Долгорочното решение треба да се донесе врз основа на висинската дупка во буџетот на пензискиот фонд, кој износ сега се крие. Владата треба да ги преиспита и повластувањата кои им се нудат на странските инвеститори кои што одат на штета на фондовите во Македонија“, вели Најдовски.
Тој посочува дека најдоброто решение е стопанството да работи и да има повеќе вработени, а помалку пензионери. Сличен е ставот и на поранешниот заменик министер за економија, Зоран Витанов, кој смета дека двете мерки се показател за катастрофалната состојба на фондовите.
„Ваквите законски решенија зборуваат дека фондовите се наоѓаат во една неликвидна состојба и ова владата го прави повеќе од очај отколку да помогне во претприемништвото. Тоа го докажува со втората мерка, бидејќи фондовите веќе не можат да се полнат оти недостига реалниот сектор. Двата фонда се во криза“, вели Витанов.
Градежните и текстилците порано, професорите и административците подоцна во пензија Првиот синдикалец Живко Митревски, позитивно ги оцени нови законски одредби. Според него бенефит ќе имаат сите - работниците, работодавците и државата. Според првичните проценки, се очекува дека градежниците, текстилците и работниците во металската индустрија сепак нема да го пролонгираат рокот за пензионирање.
Очекуваме дека работниците во градежниот сектор, металската и текстилната индустрија ќе си го искористат правото побрзо да заминат во пензија, додека кај одредени професии и оние кои се дефицитарни би го продолжиле работниот век. Се работи за доброволен пристап, кој овозможува користење на правата“, изјави Митревски.
Дел од аналитичарите сметаат дека во одредени ситуации може да дојде судир меѓу работодавците и постарите работници.
„Ќе има интерес онаму каде што нема физичка напрегнатост, убеден сум дека банките, училишта, администрација и оние кои работат во канцеларија ќе го искористат ова ново решение и сигурно со радост го дочекале. Но може да се дојде до судир со работодавачите, оти тие сепак сакаат помлада работна сила“, вели Најдовски.
Според поранешниот заменик министер за економија Витанов, продолжувањето на работниот век е позитвно за оние граѓани кои и на таа возарст се конкурентни на пазарот. Но за да се остави простор за младите смета дека треба да се направи разлика меѓу државниот и реалниот сектор.
„Има луѓе кои сеуште се способни, креативни и конкуренти и зошто да го користат фондот кога може да го полнат. Јас таа одлука ја поддржувам. Но јас би направил разлика помеѓу вработување во администрација и во реалниот, во пазарниот сектор. И ако ова важи за администрацијата тогаш не е во ред, оти во администрацијта луѓето пред пензија веќе не се конкурентни и тогаш треба тие да одат во пензија, а нивно место да дојдат млади кадри“, вели Витанов.
Дали измените за државните придонеси ќе значат и двојно одданочување? Денеска треба да заседава Социјално-економскиот совет, на кој што се ќе бидат отворени сите прашања и дилеми во однос на измените на петте закони. За бизнисмените е нејасно дали плаќањето на државните придонеси за авторските договори и договорите на дело ќе доведе до состојба на двојно плаќање за една иста давачка.
„Со едно вакво решение се отвора прашањето, дали тоа значи дека од две места по две основи ќе го полниме фондот и дали тоа значи дека јас ќе добивам двојни бенефиции од Фондот за здравство. Ова е  уште е еден доказ за тоа во каква состојбата се наоѓаат двата  фонда“, вели Витанов.
Според претседателот на ССМ,  Митревски, измените во овој дел се во интерес на работниците.
„За нас е од големо значење сите договори, односно секој труд да биде верификуван на начин што ние ќе обезбедуваме апсолутна можност да бидат обезбедени социјалните, материјалните, пензиските и здравствените осигурувања. Таа е значајна мерка која ќе биде во прилог на користење на можностите кои ги нудат фондовите. Од друга страна ќе се спречи злоупотребите кои ги правеа некои од работодавците кај овие авторски договори и договори на дело каде доаѓаше до изигрување во делот на  минималната плата“, вели Митревски.
Петте закони откако во вторникот беа усвоени од Владата, а вчера експресно по скратена постапка стасаа и на собраниска седница. Според Владата, новите законски одредби ќе ја намалат сивата економија и невработеноста, а на граѓаните ќе им остават избор за продолжување на работниот век. Ј.С.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа