19 Декември, 2025
0.0616

Rеакција на објавен текст и демант на Фактор

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2025 12:18

Добивај вести на Viber


Rеакција на објавен текст и демант на Фактор

Во својство на полномошник на учесник во постапка за која пишувате на Вашиот портал во текстовите со наслов „По констатираните законски прекршувања во случајот Телеком - формирани совети во Врховниот суд“ од 25.06.2025 година, во име на учесник во постапката, чијшто идентитет е од таен карактер, со оглед дека постапката е со таков карактер, барам да ја објавите следната реакција и демант:

1.Содржината на текстот не е новост од значење за пошироката јавност, туку е нарачан текст од учесник во постапката и единствена цел на тој текст е да врши притисок врз судиите од Жалбениот совет, за којшто пишувате и тоа секогаш во денови кога се носат одлуки.

2.Во однос на наведениот текст, треба да имате во предвид дека имате објавено службена тајна и ја имате повредено тајноста на постапката, со што Вие како медиум, Вашиот главен и одговорен уредник, како и лицето кое Ви ја пренело службената тајна, сте сторители на кривични дела казниви по член 360 и 369 од КЗ, за кое нешто ќе биде поднесена кривична пријава и истата ќе биде објавена. Имено, имињата на судиите кои ги именувате во текстот се службена тајна и нивното јавно објавување ја загрозува тајноста на постапката, па со оглед дека еднаш бевте опоменати, овој пат ќе следи кривична пријава.

3.Во однос на содржината на текстот во кој изнесувате делови од одлука на Судски совет која исто така не е јавно објавена, исто така сте сторители на горенаведените кривични дела.

4.Кога веќе пишувате за кривична постапка за судии, за која постапка судијата која ја застапувам нема никаква информација дека против нејзе се води кривична постапка, должни сте како вистинински новинари, да проверите дали можеби се води постапка за пријавен притисок врз судија, за тргување со влијание, за која постапка имаме информации дека е во тек, бидејќи судијата кого го застапувам во таа постапка е повикан како оштетен – сведок. Тоа сигурно ќе ја заинтересира јавноста, бидејќи тоа не е постапка за поединечен предмет, со приватен интерес, туку е предмет до јавен интерес.

5.Доколку навистина се занимавате со истражувачко новинарско и овој предмет поради таква причина Ви е во фокусот на вниманието, Ве упатуваме да ги истражите следните информации:

-прочитајте го јавно објавеното Решение на Судскиот совет од 09.01.2024 година со кое е отфрлено барањето за изземање на членот Тања Чачарова Илиевска, која ја прекршила законската обврска од чл.33 ст.4 од Законот за судски совет, и не побарала изземање од постапување во предмет за Телеком во кој обавувала висока функција-Претседавач на Акционерско собрание. Така можеби ќе пренесете на јавноста дека висок поранешен функционер на Телеком ќе го спасува Телеком од законита судска одлука со искористување на својата позиција како член на Судскиот совет!?

-побарајте ги јавно објавените одлуки на КЗК како и пресудите на управен суд и Виш Управен суд со кои е утврдена вина на Телеком за злоупотреба на монополска положба спрема фирмата Фокус Нет ДОО Штип.

-побарајте го научниот труд со наслов „Право на конкуренција - антимонополско право“ од автор др.Валентин Пепељуговски, во кој јавно се објавени податоци за водени судски постапки и вонсудски спогодби, по ист основ како предметниот со фирмата Фокус Нет ДОО Штип, надомест на штета од злоупотреба на монопол, а не поради раскинат договор од неплатени сметки.

Доколку навистина се занимавате со истражувачко новинарство, иако перцепцијата на стручната јавност е поинаква, задоволување на интересот на Телеком со една единствена цел, недозволено влијание, истражувајте но не еднострано туку објективно и барајте пошироко информации и податоци, пред да ги објавите со невистинита содржина. За објавување на конкретниот текст можете да барате милион изговори за причините поради кои го објавивте, но ниедна не е оправдание да ја загрозите тајноста на постапката и да го нарушите личниот интегритет на судиите учесници во постапката. Секако дека за Вашите постапки, овој пат со сигурност ќе сносите одговорност и најмалку што можам да очекувам е воздржаност од Ваша страна до крајот на постапката со оглед дека продолжувањето со објавување на информации од таен карактер ја зголемува Вашата кривична одговорност!

Со Почит

Адвокат Ѓорге Поп-Кочев


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии