19 Декември, 2025
0.0478

Реализирани препораките за борба против корупцијата

Објавено во: Економија 28 Март, 2013 11:02

Добивај вести на Viber

Марин Мрчела, претседателот на ГРЕКО оценува дека Република Македонија „повеќе или помалку“ ги исполнила или работи на исполнување на препораките од третиот круг на евалуација. - ГРЕКО даде седумнаесет препораки во мај минатата година, од нив тие кои се однесуваат на инкриминацијата се повеќе или помалку исполнети. Останува само да се направи додатен напор во однос на финансирањето на политичките партии. Мене ми е познато дека Македонија донесе нов закон поврзано со тоа и тоа наскоро ќе биде оценето од нас, мислам дека се дадени сите одговори. Ние ќе го проценуваме тоа во наредниот период, засега не можам да кажам повеќе, бидејќи тоа се уште се доверливи информации. Меѓутоа не се сомневам во политичката волја која постои во Македонија за да се решат овие работи, бидејќи тоа се гледа по начинот на кој се постапува кон препораките од ГРЕКО и на кој начин се работи на законодавното поле кон сите нешта кои се однесуваат на борбата против корупцијата, вели претседателот на ГРЕКО. На прашањето дали Република Македонија има соодветни закони за борба против корупцијата, Марин Мрчела одговара оти Македонија е на тој пат. - Ние тоа ќе го проценуваме во наредниот период колку овие закони ги исполнуваат стандардите. Но, како што реков не се сомневам во намерата и политичката волја во борбата против корупцијата, бидејќи тоа е за доброто на сите граѓани, подвлече тој. Проблемот со корупцијата, смета, не е само во Македонија и земјите од Балканот, тоа е проблем кој се однесува на цела Европа. Корупцијата е проблем кој постои насекаде, ниту една држава, никој не е имун на корупцијата. Корупцијата е прва на дневниот ред, рече, на Советот на Европа. Финансирањето на политичките партии е една од областите во кои најголемиот број, а можеби и скоро сите земји имаат голем простор за напредок. ГРЕКО гледа на одредени позиции и на праксата, односно на обуката, судските одлуки и друго. - Мораме да кажеме тука, дека имаме и добри и лоши примери, дека најдобриот закон во рацете на најлошите луѓе нема да произведе добри резултати. Значи, единствено комбинацијата на добри закони и соодветните луѓе ќе доведе до нешто добро за граѓаните во борбата против корупцијата, рече Марин Мрчела. ГРЕКО  има за цел следење и подобрување на капацитетот на државите членки за борба против корупцијата кое се врши низ еден динамичен процес на взаемна евалуација меѓу самите држави.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба