Реална ли е просечната цена на станбен квадрат за нашиот стандард?
Објавено во: Економија 11 Март, 2016 13:29
Становите и понатаму остануваат нерелано скапи за повеќето граѓани.
Скопскиот просек на 1м2 во 2015 изнесувал 52 916 денари што всушност претставува 1,8% за разлика од 2014 година според статистиката на Државниот завод.
За разлика од главниот град просечната цена на станбен квадрат во другите градови ширум земјава лани изнесувал 33 243 денари, а процентуално тоа би било 0.8% помалку во споредба со 2014.
Што се однесува до просечната цена на 1м2 во второто полугодие од 2015, таа е намалена за 2.7% во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 1.5%.
Наведените просечни цени на 1м2 станбена површина се без данок на додадена вредност, појаснуваат од Државниот завод за статистика.
Според анализата на консултантската агенција за недвижности- Фортон цените остануваат стабилни.
Продажната цена од 979 евра за метар квадратен е упросечена продажна цена низ целата држава, вклучувајќи го и Скопје, каде што по правило цените на становите се највисоки.
„Резиденцијалниот пазар бележи зголемување на бројот на реализирани продажби за 10% споредено со првата половина од 2015 година. Просечните пазарни цени остануваат стабилни на нето 979 евра за еден метар квадратен (просек за сите општини на територијата на град Скопје)“, изјави Влатко Богоевски, генералниот директор на Фортон Македонија.
Од оваа консултантска агенција велат дека нивните очекување се раст на интересот за купување на станови.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




