17 Мај, 2024
0.0371

Ребалансот на буџетот денес жешка точка во Собрание

Објавено во: Економија 23 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Пратениците и денес ќе водат дебата за ребалансот со кој новата министерка за финансии вели дека ќе има повисоки плати за вработените во приватниот сектор и во јавната администрација но и повеќе средства за поддршка на активните мерки за вработување.

Ребалансот кој надлежните го прекроија беше дочекан со реакции кај дел од експертите. Се коментираа одлуките со кои се скратија пари во повеќе ставки.

-Ве молам, не пумпајте го буџетот за да потоа вие ни делите пари. Нам не ни требаат Дедо Мразовци. Поефикасно е да секоја фирма и семејство сами си одлучат за потрошувачка или штедење на сопствениот расположив доход. Вам ви е оставена наједноставната работа. Направете амбиент.

Со поткуп на младите преку разни субвенции и трансфери нема да ги задржите туку со градење на амбиент за исполнување на сопствени идеи без ваша интервенција во трансцедентен занес дека треба да бидеме понизно благодарни за она што од наши пари ќе ни го трансферирате-искоментира на социјалните мрежи Марјан Николов - од Центарот за економски анализи.

Вицепремиерот Анѓушев пак го пофали новиот ребаланс.

„Со ребалансот на буџетот, најавуваме нова мерка за стимулирање на растот на платите, поддршка на стопанствениците и сузбивање на сивата економија.

Сите компании кои ќе покачат нето плата на кој било вработен, ќе бидат поддржани од Владата со субвенционирање на придонесите за социјално и здравствено осигурување за износот за кој е покачена платата“, напиша Анѓушев на Фејсбук.

Од друга страна пак, со критика се огласи и Здравко Савески.

Тој во најновата колумна го анализираше новиот предлог за ребаланс на буџетот и напиша:

„Владата го усвои предлог-ребалансот само неколку дена по изборот на новата министерка за финансии Нина Ангеловска. Тоа кажува дека Владата изгласа предлог-ребаланс, кој не беше подготвен од нејзина страна. Ја знаеме причината. Заев доби луда идеја да биде и министер за финансии, но ретерира по притисокот од стручната и општата јавност и по реакцијата на Антикорупциската комисија. Па, дури се подготвуваше ребалансот, немаше министер за финансии. Самиот факт дека владата подготвуваше ребаланс без да има избрано министер за финансии индицираше дека Заев ќе бара министер кој само ќе клима со главата и кој ќе биде извршител на желбите на оние што навистина ги држат уздите на економската политика на владата: газда Зоки и газда Кочо. И, очигледно, тие во Ангеловска ја најдоа својата англиска кралица на чело на Министерството за финансии. Она што навистина не го разбирам е зошто Анѓушев не е назначен за министер за финансии? И така тој е фактичкиот министер за финансии. А по отстранувањето на Тевдовски, тоа уште повеќе ќе биде така.“

Можеби ќе ве интересира

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите