19 Април, 2024
0.0334

Интервју Ивановска: Непотизмот во системот на вработување ги исели квалификуваните кадри

Објавено во: Стил 23 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Енергијата ја црпам од редовна физичка активност, вежбање пилатес, возење велосипед или пешачење, открива Ивановска

Обелодени многу случаи во кои на мета се и актуелни функционери. Вели дека засега не се соочила со конкретни притисоци и нагласува дека транспарентиот и неселктивен начин на работа е основа за градење на довербата кај граѓаните. Претседателката на Државната Комисија за Спречување на Корупција, Билјана Ивановска, освен за нејзината работа, првпат во едно интервју зборува и за приватниот живот. 

* Не носите политички товар. Вашиот мандат го почнавте храбро, отворајќи многу предмети без пардон кон политичките елити, без разлика дали се работи за власта или за опозицијата. Се соочивте ли веќе со конкретни притисоци за Вашата работа?

- Оваа Комисија може да биде успешна само ако работи независно, непристрасно, неселективно и транспарентно. Токму овие принципи ние ги прифативме како основа за нашата работа и до сега, можеби малку чудно за нашиот менталитет, но, не сме се соочиле со конкретни притисоци . 

* Имате сознанија за непотизам, конкретно за повеќе местени огласи за вработување. Дали очекувате објективна разрешница на овие случаи?

- Со анализа на состојбите поврзани со непотизам утврдивме слабости во системот на вработување, кои, бидејќи се присутни во подолг временски период нанесоа голема штетауништувајќи го системот на вредности и придонесоа за масовно иселување на квалитетни и високо квалификувани кадри. Со нашите препораки и иницијативи очекуваме подобрување на законските решенија поврзани со вработувањата во смисла ограничување на дискреционите права на одговорните лица и обезбедување избор на најквалитетни кандидати.


Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре