26 Април, 2024
0.0362

РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ НЕМА НИ ЗА ЛЕК - од МВР велат проблемот ќе се реши набргу

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Нема ни за лек регистарски табличи, се жалат граѓаните. Некои велат дека им било речено дека за нив треба да чекаат и по два месеци.

Поголем број читатели на Фактор се жалат дека иако уредно платиле регистрација и ги поминале сите процедури, од станиците не можат да добијат регистарски таблички, а некои чекаат период и од веќе два месеци.

Еве што раскажува еден од нашите соговорници.

„Јас претходно го возев мојот автомобил со бугарски таблички. Но, сега сакав да го пререгистрирам автомобилот и да си извадам македонски регистарски таблички. Иако уредно си платив и царина и ги поминав сите процедури, а ги платив и сите потребни давачки за регистрацуија и слично, не можам да си ги добијам регистарските таблички. Од станицата ми велат дека луѓе чекаат и по два месеца за таблички, бидејќи таблички едноставно нема“, вели нашиот соговорник.

Се жали и еден друг граѓанин. 

„Во Кочани, а како што имам разбрано и во некои други градови во Македонија, веќе два месеци нема регистерски таблички. Јас пред некој ден зедов ново возило, и буквално од сите станици во Кочани добив инфо дека немаат таблички, добиваат по 20-тина на две недели, но има доцнење од два месеци, или во превод, кој поднел барање во април, дури сега добива регистерски таблички. Во некои од станиците има и по 70 до 120 возила кои имаат платено осигурување и регистрација, а наместо таблички, добиваат потврда, која важи исклучиво во Македонија. Надвор, од границите на земјава, со истата потврда, не е дозволено да се патува. Така што, доколку некој има потреба од здравствен, бизнис, спортски, итн карактер, не е во можност со сопствен превоз да реализира излез од државата“, вели овој наш сограѓанин, барајќи помош од медиумите како да се надмине овој голем проблем со кој се соочуваат граѓаните. 

Од МВР велат дека како што веќе ја информирале јавноста, истечен е претходниот договор со Раде Кончлар, а за новата набавка се чека договор од Државната комисија за жалби по јавни набавки. Во меѓувреме била спроведена и итна постапка, со која се премостувал проблемот.

„Што се однесува до регистерските таблички, веќе ја информиравме јавноста дека претходниот договор со ‚Раде Кончар' истече, а редовната постапка за набавка на таблици е обжалена и се чека решение од ДКЖЈН. Во меѓувреме, спроведена е итна постапка со цел обезбедување на таблици до завршување на редовната постапка, каде избран е економскиот оператор ‚Квантум' од Скопје кој настапува како група на понудувачи со оператор од Германија. Со тоа го надминуваме периодот до завршувањето на сите постапки околу редовната набавка“, велат од МВР.

Неофицијално, се очекува проблемот многу скоро да биде надминат, бидејќи Комисијата веќе ја донела својата одлука.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот