Регистрирана Петнаесетатта емисија на обврзници за денационализација
Објавено во: Економија 20 Јуни, 2016 13:32
Денеска во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје е регистрирана Петнаесетатта емисија на обврзници за денационализација во вкупен износ од 12.000.000 евра.
Обврзниците се запишани и во Депозитарот се водат под ISIN ознака MKMINF200DF7.
При регистрацијата, со обврзници за денационализација од Петнаесетатта емисија се стекнаа 759 иматели.
Овие обврзници се хартии од вредност кои гласат на име, во ЕВРО валута и се неограничено преносливи. На обврзниците се пресметува камата од 2% на годишно ниво, а номиналната вредност и каматата се отплатуваат во период од 10 години. Исплатата на каматите и номиналните вредности од обврзниците ќе се одвива согласно објавениот Проспект за издавање и тргување на
Петнаесетатта емисија на обврзници за денационализација од страна на Министерството за финансии на Република Македонија.
На сопствениците на обврзници од оваа емисија Депозитарот ќе им достави на регистрираната адреса известување за доделениот износ на обврзници.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




