Реглинг: Кипар е опасност за целата еврозона и треба брзо да се реагира
Објавено во: Свет 21 Февруари, 2013 11:25
Главниот извршен директор на Европскиот стабилизациски механизам Клаус Реглинг изјави дека Кипар претставува ризик за целата еврозона и треба брзо решение за кипарските проблеми, за да се избегне евентуално „прелевање“ на кризата.
Реглинг за весникот „Фигаро“ истакна дека Кипар може да влијае врз целиот систем. Според него, кипарската економија, иако мала, како и тешкотиите на земјата можат да го дестабилизираат финансискиот систем на еврозоната.
Извршниот директор на ЕСМ нагласи дека кипарските банки имаат важни филијали во Грција, а пазарите го следат Кипар многу одблиску. Тој смета дека треба брзо да биде донесено решение, бидејќи во спротивно постои ризик за целата еврозона.
Германија постојано истакнува дека опасноста по системот е еден од условите за интервенција на ЕСМ и обезбедување на помош за механизмот. Најрпрво треба да се утврди дали Кипар претставува проблем за еврозоната како целина. Тоа всушност еден од предусловите за користење на ЕСМ, објасни минатиот месец германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




