19 Декември, 2025
0.1077

Регулаторна комисија за енергетика: до март нема да има поскапување на струјата!

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2012 18:03

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика ја потврди веста која вчера ја објави ФАКТОР дека се подготвува промена на правилниците за да до крајот на годинава не се случи уште едно поскапување на струјата, особено не, пред одржувањето на локалните избори во Македонија закажани за во март 2013 година.
„ Регулаторната комисија за енергетика планира до крајот на овој месец да започне постапка за измени на правилниците со кои се предлага датумот на поднесување на барањето за регулиран максимален приход и цена да биде до 30 април, односно 31 мај 2013 година, во зависност од регулираната дејност. Основна причина за оваа измена е да се овозможи базната година која е репер за сите години од регулираниот период да биде една година пред тековната година од регулираниот период, а не две години како што е со постојните правилници. Целта на овие измени е предвидувањата на одобрените трошоци и количини на електрична енергија на регулираните претпријатија за секоја година од регулираниот период да бидат попрецизни“, е одговорот од Регулаторната комисија за енергетика.
ФАКТОР вчера објави дека се подготвува промена на правилниците за пресметка на цената на електричната енергија. Идејата за ова добила на интензитет токму сега, непосредно пред новото корегирање на цената (според правилникот, крајот на годината). Според информациите до кои дојде ФАКТОР струјата неминовно ќе поскапи повторно, затоа што енергетските компании ќе прикажат зголемени трошоци, но сега под итно се бара начин како да не се дозволи зголемување на цената на електричната енергија во најмала рака до март, кога треба да се одржат локалните избори во Македонија.
Дека струјата повторно ќе поскапи, неодамна најавија и дел од владините министри.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите