18 Април, 2024
0.0264

Регулаторна објави како ќе изгледа штедењето, богаташите кои трошат многу струја ќе ја плаќаат по цена блиску до пазарната

Објавено во: Економија 16 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, на денешната прес-конференција подетално ги најави промените на тарифниот систем на плаќање на електричната енергија од страна на домаќинствата, со што богатите потрошувачи, доколку и натаму трошат високо количество на струја, ќе го плаќаат по цена блиску на пазарната, што во моментов е многу поскапо.

- Станува збор за најголеми измени во тарифниот систем во историјата, во соработка со електротехничкиот и машинскиот факултет. Ќе се воведат четири или три блок-тарифи и нема да важат за евтината струја. Ние ќе биде првата таква земја во регионот која ќе примени блокови само за скапа струја, бидејќи сметаме дека евтината струја треба да остане без никакви ограничувања затоа што тоа му одговара и на нашиот електроенергетски систем, најави Бислимовски.

Првиот човек на регулаторот додаде дека втората сигурна работа е дека највисокиот блок на цената ќе биде многу блиску до пазарната. 

- Тоа го правиме заради 17 домаќинства кои трошат 10 отсто од вкупната потрошувачка со 330 милиони киловатчасови. Тие ќе плаќаат цена блиску до пазарната.  Во изминатиот период и тоа што го имавме како ресурс јагленот се повеќе се намалува и со оваа мерка ќе се намали потрошувачката и ќе започнеме со рационална потрошувачка, прецизираше тој.

Искуствата велат дека во Србија 20 години има блок-тарифи и постојат три зони - зелена дп 350 киловатчасови, сина - од 350 до 1.600 киловатласови и црвена со над 1600 потрошени киловатчасови.  Косово има поделба до 800 и над 800 киловатчасови, додека во Албанијаво завршна фаза е одлуката за плаќање до 700 и над 700 киловатчасови.

- Ние ќе одиме со три или четири блока за поголем опфат на граѓани кои имаат минимална потрошувачка и да опфатиме повеќе ранливи групи и домаќинства кои немаат друга опција на греење освен електричната, што во најголем дел е во речиси сите градови надвор од Скопје, истакна Бислимовски.

Анализите на РКЕ покажуваат дека 21,9 отсто од граѓаните месечно трошат до 100 киловатчасови, а 7 отсто од домаќинствата трошат над 1.000 киловатчасови. Просечна потрошувачка е 410 киловатчасови на месечно ниво. Според актуелната проекција, 53 отсто од граѓаните би влегле во скапа а 47 проценти од нив во евтина тарифа. 

- Во изминатиот период се прават подлабоки анализи за структурата за потрошувачката со единствена цел да имаме појасна слика за опфатот и поделбата на блоковите, за да бидеме социјално праведни и да ја намалиме енергетската сиромаштија, заклучи Бислимовски.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места