РЕК Битола се справува со лебдечката пепел, ќе вклучи и водени топови
Објавено во: Македонија 22 Април, 2025 14:57
РЕК Битола ja информира јавноста дека активно работи на надминување на предизвиците со одлагањето на пепелта и ги уверува граѓаните дека квалитетот на воздухот не е нарушен. Ваквото соопштение следува по изминатите реакции во јавноста во врска со наводите за несоодветно одлагање на пепелта во РЕК Битола и неговото разнесување од ветерот.
„Иако присуството на прашина при поинтензивен ветер е позната појава во изминатите децении поради специфичниот процес на производство, транспортот и одлагањето на пепелта преку 3,7 километарска лента, РЕК Битола активно работи на нејзино минимизирање. Пепелта, како нуспроизвод од производството на електрична енергија, се третира со континуирано навлажнување, проследено со одлагање и засипување со земја. Сепак, високите температури и ветерот може да доведат до сушење на површинскиот слој и евентуално подигнување на прашина при нејзиното спуштање во касетата“, тврдат од РЕК Битола.
На 26 март 2025 година, Државниот инспекторат за животна средина изврши надзор на одлагалиштето за пепел во РЕК Битола. При увидот беше констатирано присуство на поголеми количини на пепел кои отстапуваат од пропишаните во Главниот рударски проект, за што беше издадено задолжение во рок од 30 дена количините да бидат соодветно одложени и посипани со земја.
„Инспекторатот не изрече санкции, што укажува на препознавање на напорите на комбинатот за решавање на ова прашање. Со задоволство информираме дека денес, на одлагалиштето кое беше предмет на инспекцискиот надзор, нема ниту еден грам пепел. Целата количина е одложена, а теренот е целосно посипан со земја.
Во насока на долгорочно решение, веќе е извршено планирање и поместување на транспортната лента, со што од 25 април одлагањето на пепелта ќе продолжи директно во касета“, дополнуваат од рударско-енергетската подружница на ЕСМ.
Од таму велат дека во наредниот период водените топови за дополнително навлажнување ќе бидат ставени во функција веднаш по поместувањето на лентата, а дека дотогаш, попрскувањето на одложената пепел се врши континуирано со специјални средства и цистерна.
„Дополнително, ги споделуваме резултатите од мерењата на амбиенталниот воздух спроведени од страна на акредитираната лабораторија „Технолаб” Скопје. Согласно добиените податоци, констатирано е дека во испитуваниот период не е надмината 24-часовната гранична вредност за заштита на човековото здравје за концентрацијата на суспендирани цврсти честички ЦЧ10 (PM10), согласно Уредбата за граничните вредности за нивоата и видовите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух (Сл. весник на Р.М. бр.50/2005 и 183/2017).
Актуелното раководство на РЕК Битола е целосно посветено на справување со долгогодишните проблеми и обезбедување одржливо работење на комбинатот според највисоките еколошки стандарди. Ќе продолжиме транспарентно да ја информираме јавноста за сите наши активности во оваа насока“, уверуваат од РЕК Битола.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




