Рекорден број на хумани граѓани на петтата крводарителска акција во Хотел „Фламинго“

Објавено во: Мои пари 25 Февруари, 2025 11:52
Хотел „Фламинго“ Казино и Општинската организација на Црвен крст Гевгелија и вчера успешно ја реализираа петтата по ред традиционална крводарителска акција, која оваа година достигна рекорден одзив.
Вкупно 91 хуман граѓанин, од кои 70 се вработени во Хотел „Фламинго“ казино, се приклучи на акцијата и даруваше крв, покажувајќи ја својата солидарност и посветеност кон спасување човечки животи.
Крводарителската акција се одржа во просториите на Хотел „Фламинго“ Казино– Гевгелија, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија.
„Оваа акција, најмасовна досега, претставува значаен чекор во поттикнувањето на крводарителството и создавањето на сигурни резерви на крв за оние на кои им е најпотребна. Како компанијата сме горди што сме дел од оваа хумана активности и што на овој начин можеме да вратиме кон заедницата во која што што деловно сме активни. Како општествено одговорна компанијата и во иднина ќе продолжиме да бидеме дел од донаторски и хуманитарни активности“, вели Елена Mинева од Хотел „Фламинго“ Казино.
Општинската организација на Црвен крст Гевгелија изрази длабока благодарност до сите доброволци кои ја поддржаа акцијата и со својот хуман гест помогнаа во мисијата – крвта да го чека болниот, а не болниот да чека крв.
„Оваа успешна соработка со Хотел „Фламинго“ продолжува и во иднина, со заедничка цел – поддршка на здравствениот систем и унапредување на крводарителската култура во општеството“, велат од ОО Црвен Крст Гевгелија.
Оваа акција уште еднаш ја потврди заложбата на Казино Хотел „Фламинго“ за реализација на иницијативи за градењето похумано и посолидарно општество.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“
Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
