Рекорден број новозаболени денеска: 120 позитивни, двајца починале
Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2020
Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19, објави министерот за здравство Венко Филипче. Од новозаболените дури 67 се од Скопје, од Куманово се 19, а во Штип има 16 новозаболени. во Прилеп 4, а во Тетово - 9. Регистрирани се и двајца починати.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 33.114 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2611, бројката на оздравени пациенти е 1621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.