05 Декември, 2025
0.0308

Рекорден буџет за Барса, триото „МСН“ ќе заработува по милион евра неделно

Објавено во: Спорт 12 Октомври, 2016 17:16

Добивај вести на Viber

Барселона се подготвува да претстави буџет кој ќе биде рекорден за клубот. Се очекува на генералното собрание на 29 октомври да биде прогласен износ од 695 милиони евра за сезоната 2016-2017, пишува „Мундо Депортиво“.

Тоа е за 2% повеќе во однос на претходната финансиска година, кога буџетот беше 679 милиони.

Финансискиот извештај предвидува добивка по даноци од 21 милиони евра. Според информациите оперативните трошоци ќе бидат во износ од 633 милиони.

Добрите финансиски резултати и работата со спонзорите им овозможи на каталонците да започнат со продолжување на договорите со ѕвездите. По Лионел Меси и Нејмар, се очекува и Луис Суарез да го продолжи договорот. Ако тоа се случи, се очекува тројцата да добиваат вкупно по над 1 милион евра неделно.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: