20 Декември, 2025
0.0390

РЕКОРДИ: „Стопанска банка“ со добивка од 31,12 милиони евра лани!

Објавено во: Економија 28 Февруари, 2016 08:01

Добивај вести на Viber

Просечниот дневен нето приход од камати на „Стопанска банка Скопје “ лани изнесувал 150.000 евра Најголемата деловна банка лани има нето добивка во износ од 31,12 милиони евра и нејзината нето добивка е за 6,65 милиони евра повисока од лани. Позитивниот нето резултат на нејзиното работење лани изнесува фантастични 1,92 милијарди денари, покажуваат финансиските извештаи на банката објавени на страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Ова е убедливо најуспешната деловна година на „Стопанска банка Скопје“ откако во 1999 година ја превзеде грчката банкарска групација НБГ. Банката лани остварила нето приходи од камати во износ од 3,37 милијарди денари односно 54,6 милиони евра. Тоа е за 240 милиони денари (околу 4 милиони евра) повеќе од нето приходот од камати остварен во 2014 година. Овој резултат е остварен во услови кога паѓаа каматите на заемите, но очигледно дека во поголема мерка паѓаа каматите на депозити што банката ги плаќа на своите коминтенти. Нивниот износ лани е 1,13 милијарди денари и е за 412 милиони денари помал од тоа што банката го платила за довербата на штедачите и на коминтентите во 2014 година. Солидно менаџирање гледаме и кај приходите од надоместоци и провозии. Од тите дејности банката лани има нето приход од 935,1 милиони денари и тие се помали за 28,4 милиони денари од 2014 година. Ова наведува на заклучокот дека банката ги намалила своите тарифи за услугите за да привлече клиенти или да ги задржи постоечките, затоа што солидно остварува од разликата меѓу каматите на кредити и каматите за депозити. Дополнително позитивно врз добивката влијае и тоа што резервациите за кредити се на ниво од 510,2 милиони денари што е за повеќе од 2 милиони евра пониски резервации за ризични пласмани во споредба со 2014 година. Банката лани била подарежлива спрема своите вработени. Трошокот за нив е 793,5 милиони денари и е за околу 500.000 евра поголем од истиот во 2014 година. Во билансот на состојба воочливо е дека стратегијата на менаџментот била зголемување на и така силното учество на пазарот на кредити. На крајот на минатата година банката во кредити пласирала 55,57 милијарди денари (безмалку една милијарда евра), а тоа е за 4,17 милијарди денари повеќе од нивото на крајот на 2014 година. Ова се реализира во услови кога депозитната база на банката (освен депозити на банки) пораснала за 1,2 милијарди денари до ниво од 67,1 милијарда денари. За истакнување е и тоа што во билансот на состојба банката ја исчисти ставка субординирани обврски со предвремената отплата на 2,77 милијарди денари (колку што биле во билансот на крај на 2014 година) на својата банка мајка НБГ во Грција. Потенцијалните обврски на банката на крајот на 2015 година се на ниво од 11,59 милијарди денари со минималне пораст во однос на 2014 година, а нејзината акумулирана добивка во која е вклучена и таа за 2015 година изнесува 9,8 милијарди денари. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба