22 Ноември, 2024
0.0293

Рекордно зголемување на бројот на пензионери во Македонија, изненаден и самиот Пензиски фонд

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Измените и дополнувањата на законите со кои се регулираше задолжително одење во пензија со наполнети 64 години, односно 62, и стаж од 15 години со краен рок до 30 јуни 2022, довело до рекорден број на нови редовни пензионирања изминатата година, покажува завршната сметка на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Тоа придонело бројот на лица кои одат во старосна пензија да се зголеми за дури 4,03 проценти за само една година.

На крајот на 2022 старосна пензија добивале 231.066 лица, а само една година претходно нивниот број бил 222.123. Станува збор за рекордна разлика од околу 9.000 нови пензионери, најмногу поради законските измени со кои минатата година лица со навршени 64 години можеа да го продолжуваат стажот со краен рок до 30 јуни 2022, освен доктори и професори.

Иако бројот на приматели на семејна и инвалидска пензија се намалил, тоа не придонело значително да се намали големата разлика во бројки. Така, на крајот на 2022 имало 334.816 приматели на пензија, што е зголемување на годишно ниво од претходните 328.570 приматели.

Самиот Пензиски фонд во завршната сметка истакнува дека не очекувал толкаво големо зголемување, по донесените законски измени кои ги иницираа власта и Министерството за труд и социјална работа, што резултирало со голем број на поднесени барања за одење во пензија изминатата година. Порастот на пензионери со проекциите на ПИОМ бил планиран да биде само 1,6 отсто, но испаднал дури 2,2 проценти.

„Вкупниот број на корисници на пензија од работничко осигурување во 2022 година во споредба со 2021 година, е зголемен за 2,22%, а заедно со минималните земјоделски и воени пензии, зголемувањето изнесува 2,18%, поради намалување на корисниците на минималните земјоделски и воени пензии. Порастот на пензионери во 2022 година се должи на донесениот Закон за изменување и дополнување на законот за работни односи член 1 објавен на 6 јули 2021 година, кој гласи: „Договорот за вработување работодавачот го прекинува кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку со друг закон поинаку не е уредено’’ и член 2 кој гласи: „Договорот за вработување од ставот 1 на овој член важи до истекот на времето за кое е продолжен, а најдоцна до 30.06.2022 година“, евидентирано е во завршната сметка на ПИОМ.

Власта со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, кој предвидува задолжително пензионирање на 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, најавуваше создавање на услови за намалување на вработените во државната администрација и во јавниот сектор и зголемен простор за вработување на млади кадри..

Стратешкиот план на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ) за 2023-2025 година изнесе нови, коригирани проценки за движењето на бројот на пензионери и за средствата потребни за пензии во однос на проекциите во претходниот документ. Во новиот документ се предвидува дека бројот на пензионери следниве три години ќе се зголеми за скоро 7.800.

Пензионерите два месеци протестираат и бараат линеарно зголемување на пензиите за сите за неколку илјади денари.  За овие луѓе е неприфатливо пензиите да се зголемат за 6 проценти, согласно законски утврдената методологија, во услови кога животните трошоци драматично се зголемија во последната година.

Во првата половина од годинава, според статистиката на ПИОМ, во државата има 337.054 корисници на пензија, што е двојно помалку од бројот на вработени, кој изнесува 683.242. Ова значи дека има двајца вработени на еден пензионер што не се смета за одржлив сооднос.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите