26 Април, 2024
0.0289

Ременски ги „проби“ - Објави слики од Вибер комуникација за протести пред нејзиниот дом

Објавено во: Македонија 20 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Потпретседателката Фросина Ременски продолжува со најжестокиот одговор против учесниците на неодамнешните протести пред нејзината куќа кога група на демонстранти на недоличен начин со многу провокации и пцовки ја критикуваа за изгласувањето на Законот за употреба на јазиците. Пратеничката покрај најавите за тужби за учесниците во протестот објави и скриншотови од комуникација на членови на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош како се договараат да се појават пред нејзината куќа и да направат пеколна атмосфера.

Прашање е како Фросина Ременски ги добила овие слики од пораките преку мобилната апликација Вибер, дали се испратени од некој член во комуникацијата што секако е грижа за организаторите на протестот од општинскиот комитет или пак станува збор за ново прислушување?

„Очекував конкретна изјава од Мицкоски за учеството на неговите општински комитети во организација и јавното омаловажување и заканите пред домовите на пратениците на СДСМ - колеги на неговите пратеници во Собранието на РМ.  Во вчерашната негова изјава не само што не ги осуди настаните и насилството, туку по примерот на неговиот претходник Груевски, со големо "НО", бараше оправдување за "народот што демократски протестирал" и го обвини Зоран Заев за некакви манипулации со јавноста.

Јас верувам и знам дека многу членови на опозицијата не се согласуваат со хушкањето и поттикнувањето на омразата и подлите потези на Никола Груевски кој кумуваше и инспирираше "демократски упад во Собранието", терор и обиди за убиства зад превезот на некаков нивен смисол за патриотизам и македонштина.

Јас сум убедена и знам дека многу мои колеги од опозицијата се згрозени од тоа што го гледаат и слушаат, и трпат закани доколку помислат да покажат поинакво однесување од груевистичката матрица.

Ако сака Мицкоски и неговата партија да покажат дека навистина се државотворна партија како што и самиот изјави вчера, нека биде спремен да ја преземе и одговорноста за сите последици од дивеењето на неговите комитети кои се кријат зад директорчиња, локални силеџии, ситни крадци, навивачки групи, ќосенца, утки, чавки и др.

Од денес па се додека трае ова режирано лудило без грам политичка логика и води кон поттикнато самовластие јавно ќе ги објавувам сите информации кои со нас ги споделуваат нивни загрижени членови и активисти кои не се согласуваат да влезат во црните сценарија, за кои стравуваат дека ќе бидат полоши кон нив ако тие покажат несогласување кон нив.

Другари, чувајте си го мирот, свеста и соживотот со вашите комшии и браќа, зошто патриотизмот не е чкорче што гори за 20 секунди, туку извор на живот за 20 ваши поколенија од сега па во иднината која сакале-несакале родени сме на ова парче земја да ја делиме заедно и со тие на кои им порачувате смрт, погреби и гасни комори“ напиша Ременски во обраќањето на социјалните мрежи покрај објавата на дописката од Вибер комуникацијата. 

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ негира дека стои зад организација и поттикнување на протестите со закани пред домовите на пратениците од владејачкото мнозинство иако на истите може да се забележат многу членови на оваа партија. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот