05 Декември, 2025
0.0295

Рено и Нисан ќе прават заеднички мотори

Објавено во: Стил 08 Март, 2013 22:02

Добивај вести на Viber

Спортските оддели на „Renault“ и „Nissan“ – „Renalt Sport“ и „Nismo“, ќе развиваат заеднички нови мотори, соопшти пред новинарите за време на саемот во Женева Том Лејн, шеф на одделот за планирање на нови производи на француската компанија. Ваквиот потфат се прави поради намалување на тошоците на идните модели на двата автомобилски брендови. Лејн смета дека во моментов продажбата на автомобили на „Renault Sport“ и „Nismo“ не е на задоволително рамниште, па затоа сега и двете компании ќе ги обединат силите и ќе се обидат да ги променат овие негативни резултати, пренесува порталот Автоплус. Во Женева, Renault Sport ја претставуваат нова верзија на „Clio“ под името GT 120 EDC. Оваа изведба има менувач EDC со двојна адхезија и 1.2 литарски бензински турбо мотор со моќност од 120 КЅ. Засега не се соопштуваат перформансите на моделот, но се знае дека просечната потрошувачка на гориво кај него е 5.2 литри, а Xечбекoт има и систем „RS Drive“ има два режими на работа - „Normal“ и „Sport“. Овој систем е одговорен за промена на програмата за менување на брзините, прилагодување на управувачот и реакција на моторот при притискање на педалата за гас. Од своја страна, експертите од „Nismo“ во Женева го претставија моќното спортско купе „Nissan 370Z“, кое сега смета на 344 КЅ, 3.7 литарски V6 мотор кој работи заедно со 6-степен рачен менувач.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: