Добивај вести на Viber
ИНВЕСТИЦИСКО ОЛЕСНУВАЊЕ ЗА КОМПАНИИТЕ, НО И ПОДДРШКА НА START-UP ФИРМИТЕ И МЛАДИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ
„Тенденијата на модерните компании е да се насочат кон користење на услугите на изнајмување поради намалување на своите инвестициски трошоци, во насока на обезбедување на најмодерна опрема за своите потреби, а за неа да не реинвестираат постојано.“, вели Александар Пајковски, Генерален менаџер на Дуна
Хамлетовската дилема од наднасловот на текстот низа години ги мачи сопствениците на компании, оперативните менаџери, малите претприемачи, но и оние кои допрва планираат да започнат свој бизнис. Да се изнајми или да се купи компјутерска опрема и лиценциран софтвер со неа? Избирате помеѓу лек за главоболка или самата главоболка?
Идеите кои што ги имаме - стратешки ги развиваме, а сè е со цел секоја следна година да понудиме нешто ново, нешто подобро и нешто поинакво на нашите корисници, велат одговорните во
ДУНА Компјутери, компанија која повеќе од две децении ги диктира промените и трендовите, ги поместува границите и ги поставува новите стандарди во IT индустријата во Македонија, без оглед на тоа дали станува збор за развој на нови софтверски решенија, за нови производи или за лансирање на нови услуги.
Во ваков контекст во ДУНА се гледа и на следниот планиран проект, со работен наслов - Изнајми или Купи? - Rent Or Buy? Проектот, всушност, е концентриран на економската исплатливост која што лежи во актуелната бизнис дилема - дали да се купи или да се изнајми компјутерска опрема и техничко одржување? Светските трендови одат во полза на изнајмувањето, а ДУНА ја лансира оваа нова услугата како пакет. Генералната идеја - водилка за овој нов вид на услуга е обезбедување на компјутерска опрема и нејзино техничко одржување како инвестициско олеснување на компаниите, но и како поддршка на start-up фирмите и на младите претприемачи.
“Тенденијата на модерните компании е да се насочат кон користење на услугите на изнајмување поради намалување на своите инвестициски трошоци во насока на обезбедување на најмодерна опрема за своите потреби, а за неа да не реинвестираат постојано. При изнајмувањето на опремата,
ДУНА Компјутери прави целосен мониторинг на работењето, на потребите и на очекувањата на клиентот, а потоа предлага соодветно решение кои ќе ги задоволи корисничките тенденции. Решението не само што одговара на потребите на корисникот, туку ја зголемува енергетската ефикасност при користење на опремата, ги намалува месечните трошоци на компанијата и соодветно одговара на потребите на вработените. При изнајмување на опрема, корисникот не троши дополнителни ресурси за одржување и целосно се насочува кон извршување на своите дневни активности и водење на својот бизнис, а оперативната опрема во позадина работи квалитетно и непрекинато, за што ние комплетно се грижиме“, вели Александар Пајковски, Генерален менаџер на ДУНА.
За водење на својот бизнис, компаниите мора да буџетираат определени средства за планирање на капитални и оперативни трошоци. Преку купување на опрема, компанијата капитално вложува за да набави основни средства за работа (хардвер) или услуги, кои што директно ќе придонесат за зголемување на приходот на компанијата. Доколку амортизациониот период на набавената опрема е подолг од една година, тогаш мора да се капитализираат овие трошоци со помош на амортизација и во следните години, како што е определено од страна на даночната регулатива. Најчесто, тоа е период од три до десет години. Од друга страна, оперативните трошоци се оданочуваат еднаш во годината, кога се направени. Капиталните трошоци бараат многу време за планирање, обезбедување на средства и прибирање на најквалитетна и најприфатлива понуда, процедура која што најчесто знае да влијае на оперативноста и квалитетот на работење во компанијата. Динамичните бизниси во модерниот свет денес се насочени кон обезбедување на стабилно годишно планирање на оперативните трошоци (во кои што влегува и изнајмувањето), но да не се намали квалитетот на дневните работни задачи и функционирање на компанијата.

Изнајмувањето е исклучително атрактивна опција ако компанијата е лимитирана со cash flow, а сака да ги следи технолошките подобрувања и оперативно да користи најсофистицирана опрема, што е случај со најголемиот број на компании во Македонија и во регионот. Она што е битно за корисникот кога се одлучува да направи избор дали ќе користи оперативни услуги или ќе набави опрема е тоа што грижата за неа е целосно обезбедена од страна на ДУНА.
„Освен на етаблираните компании, оваа нова услуга им се обраќа и на start-up фирмите и на младите идни претприемачи, нудејќи им поддршка во варијантата за изнајмување на компјутерска опрема и одржување, наместо купување, со тоа што им се намалуваат иницијалните инвестициски средства, кои што може да ги насочат кон друга продуктивна намена.“, вели Пајковски.
Досегашното искуство во домашни рамки за користење на ваков вид на услуга се сведуваше на корисници со интернационални портфолија, како што се мисии, проекти и проектни канцеларии, кои се ограничено време на функционирање во нашата земја и кои што немаат потреба од набавка, туку само од оперативно користење на компјутерска опрема (Apple компјутери, no-name и брендирани компјутери, софтвер и одржување). Позитивната експертиза од ваквата соработка, велат во компанијата, и дава за право на
ДУНА да го развие многу пошироко овој пакет на услуга: за домашните големи компании, за средните и мали бизниси во процесот на замена на амортизираната и стара опрема; но и да додаде свеж ветер во едрата и на новите и младите претприемачи кои сега планираат да започнат свој сопствен бизнис.