20 Декември, 2025
0.1577

„Реплек“ во инсулински шок, бизнис нема, фирмата живее од дивиденда!

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2016 08:16

Добивај вести на Viber

Приходите од продажба на „Реплек“ во 2015 година паднале за 355 милиони денари во однос на 2014 година откако фирмата го изгуби бизнисот со снабдување со инсулин за македонските дијабетичари што ги снабдува Министерството за здравство „Реплек“, изгубил 84 отсто до приходите од продажба лани во споредба со 2014 година, покажуваат официјалните неконсолидирани резултати на таа компанија објавени на нашата берза деновиве. Ова значи дека „Реплек“ не успеал да се опорави од инсулинскиот шок што го доживеа во втората половина на 2014 година кога му истече договорот за снабдување со инсулин на дијабетичари државни осигуреници на Фондот за ПИОМ и на Министерството за здравство. Податоците покажуваат дека продажбата на компанијата на крај на 2015 година изнесува 66 милиони денари, а во 2014 година биле 421,1 милиони денари. Компанијата не успеала да ја потполни дупката на приходната страна што настанала по завршување на договорот со министерството. На страната на расходите исто така има пад и тоа од 349,5 милиони денари и тоа е поради расходите за инсулин во најголема мерка. Оперативната добивка изнесува 2,3 милиони денари и бележи пад од 15,4 милиони денари во споредба со 2014 година. Нето добивката на „Реплек“ изнесува 58,9 милиони денари и во најголема мерка е резултат на приходите од дивиденда од придружени друштва и тоа во износ што надминува 55 милиони денари. Инсулинскиот шок ја стресе и групата „Реплек“ Губењето на големиот договор се одрази и врз приходите на групацијата на „Реплек“. Тие изнесуваат 811 милиони денари и во спроедба со 2014 година се пониски за 334 милиони денари односно за 27 отсто во споредба со 2014 година. Оперативните расходи се на ниво од 705,65 милиони денари и бележат пад за 33 отсто во однос на 2014 година кога биле 1,052 милијарди денари. Најголема расходна ставка се трошоците за вработени и тие изнесуваат 211,8 милиони денари, а трошоците за набавка паднале за 67 отсто од 486,5 милиони денари, а во 2015 година изнесуваат 162 милиони денари. Нето добивката на групата изнесува 92,1 милиони денари и е повисока за речиси 9 милиони денари во однос на претходната година. „Реплек“ е компанија што е популарна во инвеститорската јавност заради тоа што дели солидна дивиденда. За 2014 година компанијата подели дивиденда од 3.384 денари, а за 2013 година 3.998 денари. Во овие две години акционерите на таа компанија добија дивиденда во износ од вкупно 260 милиони денари односно 4,2 милиони евра. На крајот на 2015 година компанијата имала акумулирана добивка во износ од 313 милиони денари. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба