Република Српска произведува електричен автомобил, ќе чини до 5 илјади евра
Објавено во: Балкан 17 Декември, 2012 16:11
Во Република Српска од следната година ќе се произведуваат автомобили на електричен погон, благодарение на договорот што Стопанското здружение „Никола Тесла“ го оствари со германскиот произведувач на овие возила.
„Цената на електромобилот ќе се движи од 2.500 до 5.000 евра, а секој купувач на заштеда на горивото ќе ја отплати оваа цена, изјави вршителот на должност директор на здружението Драган Вучетиќ. Според него, на Интернет страницата на фирмата ќе биде објавен конкурс за избор на стратешки партнери за производство на одделни делови и монтажа на електромобилот, бидејќи тој ќе се состои од 2.000 различни компоненти. Во првата серија е планирано да се произведат 300 автомобили, по што ако се исполнат условите , во Република Српска ќе се почне со сериско производство на автомобилот, појаснува Вучетиќ. Како што пренесува Б92, тој соопштил и дека прв купувач на електромобилите ќе биде германската пошта. „Ако има интерес и на пазарите на бивша Југославија, тогаш овој автомобил ќе може да го продаваме и како свој бренд“, вели Вучетиќ и додава дека во моментов се работи на батерија за автомобилот која ќе се полни за само 30 минути. Стопанското здружение „Никола Тесла“ го основа Владата на Република Српска во октомври 2012 година со цел да работи на производство, применето истражување и експериментален развој. Исто така како главна цел на подолг рок е зајакнување на извозот преку склучување договори со странски купувачи.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени





