19 Декември, 2025
0.1169

РЕШЕНИЕ СЕ ВАКЦИНИ СО ДОЛГОТРАЈНО ДЕЈСТВО ЗА ДА НЕМА ПОТРЕБА ОД БУСТЕР: СЗО повика на создавање нови вакцини кои ќе штитат и од пренос на заразата

Објавено во: Свет 12 Јануари, 2022 10:22

Добивај вести на Viber

Експертите на Светската здравствена организација предупредија дека повторувањето на дополнителните дози на оригиналните вакцини против Ковид не е добра стратегија против новите варијанти и повикаа на создавање нови кои подобро штитат од трансмисија.

„Стратегијата за вакцинација заснована на повторени засилувачки дози на оригиналниот состав на вакцината веројатно нема да биде соодветна или одржлива“, се вели во соопштението на Техничката советодавна група на СЗО, пренесува британски The Guardian.

Групата експерти, која работи на проценка на перформансите на вакцините за Ковид-19, повика на развој на нови вакцини кои не само што ги штитат луѓето кои се заразуваат со Ковид од сериозно заболување, туку и подобро спречуваат луѓето да го заразат вирусот, и секако пред се со цел справување со новите варијанти на Ковид, како што е Омикрон.

Според британските научници, Омикрон „не е истата болест“ како претходните бранови на Ковид.

„Потребни се и треба да се развијат вакцини против Ковид-19 кои имаат големо влијание врз спречувањето на инфекција и пренесување, покрај спречувањето на тешки болести и смртни случаи“, велат од советодавната група.

Сугерираат и дека развивачите на вакцини треба да се стремат да создадат вакцини кои „создаваат имунолошки одговори со широк спектар и кои се силни и долготрајни со цел да се намали потребата од последователни засилувачки дози“.

Како што вирусот еволуира и додека не бидат достапни нови вакцини, „можеби ќе треба да се подобри составот на сегашните вакцини за Ковид-19“, велат од групата.

Според СЗО, ширум светот се работи на 331 „кандидатски“ вакцини.  Во меѓувреме, „новиот бран“ на инфекции со Омикрон ризикува да зарази повеќе од половина од населението во Европа во следните два месеци и може да ги „колабира“ здравствените системи низ целиот регион, предупреди Ханс Клуге, директорот на СЗО за Европа.


Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела