18 Мај, 2024
0.0271

Ревизорски извештај: Како се додели тендерот за барокната фасада на Министерството за транспорт?

Објавено во: Економија 27 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај за работата на Министерството за транспорт и врски минатата година, период во кој Министерството беше управувано од екс министерот Миле Јанакиески, до 12 мај 2015 година, како и во време на актуелниот министер Владо Мисајловски.

Ревизорскиот извештај открива низа неправилности во работењето на Министерството за транспорт и врски, но најинтересно е што во овој извештај е обелоденето како е доделен милионскиот тендер за реконструкција и надградба на управната зграда на министерството и како сумата се зголемила за дури 2 милиони евра од првично предвидената.

Ревизорот во извештајот наведува дека електронска аукција за обновување на објектот била распишана на 3 февруари 2011 година, а проценетата сума која била наведена изнесувала 2.210.000 евра (130.425.000 денари).

На почетокот стигнале 9 понуди, за кои Комисијата за јавни набавки оценила дека само 5 ги исполнувале бараните услови. Во втората фаза од постапката, се пријавиле 4 фирми, при што била елиминирана уште една и останале само три фирми во игра за добивање на тендерот. 

По закажаната аукција две фирми се повлекле, и останала само една фирма и тоа онаа со највисока понудена цена во износ од 4.115.000 евра (253.119.000 денари.) . Фирмата која барала најмногу пари е градежната компанија А.Д. „Бетон“ од Скопје.

По оваа ситуација, министерството ја известило Владата со која во тој период раководи Никола Груевски, а таа носи заклучок постапката да се заврши и да се склучи договор и покрај огромната цена на фирмата понудувач.

Во октомври 2011 склучен е договор за надградба и реконструкција на министерската зграда во износ од 4.856.000 евра (298.680.000 денари) со А.Д. Бетон – Скопје.

Ревизорот констатира дека со тоа е надминат вредносниот праг пропишан за оваа зделка за 2.000.000 евра. А, до денот на ревизијата биле склучени седум анекси кон основниот договор со што вредноста на објектот е зголемена за 26,62% во однос на основниот договор и рокот за изведба е продолжуван неколку пати.

„Во случај кога сите понуди се прифатливи, значително го надминуваат износот на обезбедените средства за јавни набавки, одговорните лица во Министерството за транспорт и врски, да ја оценат оправданоста за обезбедување на дополнителни средства, со цел да се обезбеди фер конкуренција и објективност при изборот на понудувачите“, пишува во препораката од Државниот ревизор за оваа милионска зделка со АД Бетон.

Министерството за транспорт и врски сардисано од тужби

Со ревизијата се констатирани одредени состојби кои укажуваат на значајни прашања за работењето на МТВ, пишува ревизорот.

Против Министерството за транспорт и врски се водат 83 судски постапки, во кои се побарува 4.733.000 евра (291.083.000 денари) како и 8 предмети по основ на утврдување право на користење, купопродажба на општествен стан, долг, исплата на плати, надомест на штета. Министерството е тужител во 4 постапки за кои побарува 313.000 евра (19.309.000 денари).

„Имајќи ја предвид висината на тужбените барања во делот на главниот долг, постои ризик каматите дополнително да одлеат пари од буџетот на Министерството“, предупредува ревизорот.

Забележано е и дека од буџетот на Министерството за 2015 година на име Поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата на Ромите исплатени се средства во износ од 162.000 евра (9.972.000 денари), одлука која ја донесува Министерот без ресор. Во 2015 Министерот без ресор определил 8 општини кои доставиле предлог проекти од комунална инфраструктура. Но, ревизијата констатирала дека во некои општини се финансира само дел од проектот, а во други во целост.

„Распределбата без процедура за постапување и без поставени критериуми за избор, укажува на нетранспарентност во определувањето на општините за оваа намена, како и нерамноправна положба на едни општини во однос на други“, укажува ревизорот за начинот како се распределени и потрошени  овие пари.

Од „ѓутуре“ исплаќани пари за прекувремена работа

Во ревизорскиот извештај е забележано и дека во дел од случаите кога се утврдувале прекувремени часови на работа, тоа се вршело само врз основа на остварените часови по завршување на работното време, без да се има предвид почетокот на работното време за истите лица кое почнало со задоцнување од пропишаното.

Но, не само тоа. Туку, при пресметката на платите на административните службеници како основица покрај бодовите за образование и ниво се земала  предвид и вредноста на исплатите за прекувремена работа, што е спротивно на Законот за административни службеници, заклучил ревизорот во извештајот.  

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа