Добивај вести на Viber
Отсуство на анализи на резултатите од екстерното тестирање, проблеми на училиштата со долгови по основ на бесплатен превоз и зајакнати инфраструктурни вложувања во образованието. Од вкупно 583 предмети по два објавени конкурси ( 2009 и 2010 година), за издавање на учебници за средно образование во стручните училишта, одобрени се 324 учебници. Во 2015 година, училиштата само по основ на превоз на ученици должеле 4,9 милиони евра. Ова се дел од наодите во новиот Извештај “Ефективност на програмите и мерките насочени кон развој на средното образование“, што го изработи Државниот ревизор. Пропуст е лоциран и во оценувањето на екстерното тестирање.
“Ученикот при екстерното тестирање може да добие оценка 1 ( недоволен) и истата му се запишува во свидетелство. Ова законско решение е во колизија со член 45 од истиот закон, каде што е предвидено со кои оценки се оценуваат учениците, пришто сите оценки се преодни освен оценката 1. Согласно нашиот образовен систем, учениците кои по завршувањето на учебната година имаат три и повеќе негативни оценки, не ја завршуваат годината како и учениците кои на поправниот испит во вториот испитен рок добиле негативна оценка. Така да иако оценката недоволен 1 е непреодна, при екстерното тестирање се запишува во свидетелството без да биде дадена можност да биде поправена“, се наведува во новиот ревизорски извештај.
Во одреден дел, ревизорот констатира судир на надлежностите меѓу Центарот за стручно образование и наука и Бирото за развој на образованието, што според наодите, колизијата во законската регулатива предизвикува судир на надлежности на институциите и ја оспорува реализацијата на законските одредби во делот на наставните планови и програми за средните училишта.
Долгови за превоз на ученици, отсуство на програми и бесплатни извештаи...
За набавка на бесплатни учебници во средното образование, во период од учебната 2012/13 година заклучно со учебната 2014/15 година од Буџетот биле исплатени 4,3 милиони евра.
Како резултат на извршената резвизија, во наодите се констатираат одредени неправилности и состојби, кои како што посочуваат од ДЗР се поткрепени со резвизорско мислење. Според наодите, Министерството за образование сеуште целосно не ги донело сите подзаконски акти поврзани со учебниците за средното образование но отсуствуваат и програми и извештаи поврзани со работата на наставниците.
“Министерот на МОН ги нема донесено сите подзаконски акти со кои треба да се уреди комплетната постапка за подготовка, изработка и одобрување на учебници за средно образование, тоа влијае на ефективноста за остварување на мерките и политиките за концептот бесплатен учебник“, се посочува во ревизорскиот извештај и се додава:
“ДИЦ нема изготвено: Национална програма за евалуација на основното и средното образование, Национален извештај за работата на наставниците и стручните соработници од основните и средните училишта, анализа на резултатите од проверувањето на постигањето на учениците во основното и средното образование“.
Во делот на работата на Државниот испитен центар, ревизорот ја дава следнава препорака:
“ДИЦ треба да ги прибере, обработи и да изврши анализа на резултатите од екстерното проверување на постигањето на учениците во основното и средното образование, но наведената анализа не се изготвува“, констатира ревизорот посочувајќи на важноста на една ваква анализа, која според него е значајна и за учениците и за наставниот кадар, но и која треба да послужи одговорините субјекти за средното образование, како што се наведува, за изнаоѓање на поефикасни образовни модели и креирање на политики за поквалитетно образование.
Забелешка има и за наставните програми
“Промените на наставните програми и планови не се донесуваат врз база на сеопфатни информации, односно отсуствуваат детални анализи за развој на одделна област, подрачје на труд или достигнувања во науката“, се нотира во извештајот на ревизорите.
Од вкупно 583 предмети по два објавени конкурси ( 2009 и 2010 година), за издавање на учебници за средно образование во стручните училишта, одобрени се 324 учебници.
“Наведените состојби влијаат на целосното остварување на мерката за бесплатен учебник. Недостатокот од учебници го нагласуваат и училиштата во одговорот на испратениот прашалник до нив“, се посочува во ревизорскиот извештај.
Вложувањата во образовната инфраструктура добија позитивна оценка од ревизорот.
“Со годишните програми за изградба и реконструкција на средните училишта, МОН активно допринесува за подобрување на состојбите во рамките на буџетските можности, со градење на нови и со реконструкција на постојните училишта“.
Од друга страна пак, ревизорот констатира дека дел од училиштата и натаму се соочуваат со досепани а не подмирени обврски.
“Се воведувањето на средното задолжително образование, како и воведување на бесплатен превоз за учениците, дел од средните училишта имаат неизмирени обврски за превоз на учениците“, се нотира во новиот ревизорски извештај.
Препораки за поквалитетно образование ...
Измени на дел од зкаонските решенија, зајакнување на врската меѓу средното образование и приватниот сектор и усовршување на наставниот кадар се дел од препораките кои ги нотира ревизорот а во насока на подбрување на квалитетот на образованието.
Меѓудругото, еве кои се дел од ревизорските препораки:
-“Целосно имплементирање на проектот бесплатни учебници, утврдување на потребата од учебниците и снабдување на училиштата со потребниот број на ученици и проектот бесплатен превоз“.
-“Следење на стручно и професионално усовршување на наставниците, како и воспоставуавње на систем на обуките“.
-“Во рамките на зајакнување на врската меѓу стручните училишта и пазарот на труд да се зајакне учеството на компаниите во креирање на наставните програми“.
-“Реформи на средното стручно образование за занимања според искажаните потреби на пазарот на труд“.
Одговор на забелешките од државниот ревизор ...
Министерството за образование реагираше на Нацрт извештајот на државниот ревизор. Во одговорот, МОН ги отфрла наодите на ревизијата. Така, од министерството го информирале Државниот ревизор дека сумата на буџетски средства наменети за бесплатни учебници а изразена во денари била техничка грешка. Оваа забелешка од страна на ревизорите не е прифатена. Од МОН информирале дека начинот на избор на предмети за полагање по ученик се прави системски по претходно утврдени критериуми од страна на Државниот испитен центар.
Министерството го информирало ДЗР и за превземените активности и мерки за надминување на констатираните состојби поврзани со опремувањето на училиштата и превозот на учениците. Министерството регирало и на наодите за отсуство на Национална програма за евалуација и на Национален извештај за работата на наставниците. Надлежните го имформирале ревизорот дек ќе бидат превземени и мерки за надминување на состојбите во рамките на проектот за развој на вештини и поддршка на иновации, финансира од Светска Банка. Министерството дало и објаснување за запишување на оценка недоволен 1 во свиделтството а по основ екстерно тестирање
Дел од одговорите и образложенијата од Министерството за образование од страна на Државниот ревизор не се прифатени, за дел е дадена форма на известување Со ревизорскиот извештај е опфатен период од 2011 до 2014 година, но и состојбите кои се случиле и претходно и последователно.
Д.А.