19 Декември, 2025
0.0493

РЕВИЗОРСКИ НАОДИ: Спортски објекти без имотен лист, нема пари за одржување!

Објавено во: Економија 21 Април, 2016 07:54

Добивај вести на Viber

Колку, како и дали се почитувале склучените договори меѓу Агенцијата за спорт и малди, како инвеститор на спортските објекти, и локалните власти, кои се во улога на менаџери? Новиот ревизорски извештај за работата на Агенцијата за малди и спорт, за кој веќе пишуваше “Фактор“ открива бројни слабости и прекршувања. Државниот ревизор испратил прашалници до 73 единици на локалната самоуправа, а добил одговор од 59, односно на барањето на ревизорот возвратиле 81% од општините. Увид во документацијата поврзана со управувањето на спортските објекти е направен во 20 општини, односно на 79 спортски објекти. Еве кои се клучните наоди на Државниот ревизор. Спортски објекти без имотен лист и осигурување.. Голем процент од контролираните спортски објекти имаат проблематична сопственост а повеќето не се осигурани од сите видови на штети, се нотира во ревизорскиот извештај за работата на Агенцијата за спорт и малади. “Со извршената ревизија утврдени се разлики во постапувањето на општините во однос на исполнувањето на обврските кои произлегуваат од склучените договори за инвестирање во изградбата на спортски сали, фудбалски игралишта, повеќенаменски игралишта и тениски игралишта.“ - се вели во ревизорскиот извештај. Како пример за отсуство на документација за примопредавање, ревисорот ги посочува општините Карпош и Сарај. “Во општините Сарај и Карпош изградени се објекти за спорт ( фудбалско игралиште и тениски терени) за кои до денот на ревизија, не е потпишан записник за примопредавање на објектот со образложение од одговорните лица во Агенцијата дека записниците за примопредавање се пратени до општините, но истите не се потпишани од нивна страна“ -констатира ревизорот. Еве кои други слабости и пропусти се нотирани во извештајот: -“58 објекти за спорт, од вкупно 79 не се осигурани од сите видови штети“ -“За 74 објекти, од вкупно 79, не обезбеден имотен лист, како документ за соспственост“. Така, ниту едно од 27 те тениски игралишта и 16 повеќенаменски игралишта, немаат имотен лист, додека имотен лист имале само 2 спортски сали и 3 фудбалски игралишта. -“Од извршената анализа на податоците од евидентираните објекти, ревизијата утврди дека 11 објекти се евидентирани по вредност која се разликува од вредноста на доставеното барање од страна на Агенцијата. За 5 објекти воопшто не е доставено барање до Агенцијата“ Во однос на овој пакет на забелешки, од страна на Агенцијата било доставено известување дека е извршена контрола во шест општини, со цел да се потврди начинот на одржување и користење на изградените спортски објекти, за што е доставен извештај до директорот на Агенцијата. Дадени се препораки за преземање на дополнителни активности за објектите кои не се користат. Половина од општините – немаат пари за одржување... Еден од проблемите кои ги нотира државниот резизор е одржувањето на веќе изградените спортски објекти. Како позитивен пример за одржување на спортките терени е наведена општина Илинден, кој има посебен Сектор за стопанисување со спротските објекти на општинско ниво, пришто иако спортските објекти се изградени во 2009 година, тие се во добра состојба, оценува ревизијата. Но, друри 49% од опфатените анкетирани општини изјавиле дека се соочуваат со финансиски и кадровски прооблеми при одржување и користење на објектите. “Во дел од општините тековното и инвестициското одржување на објектите не се врши на начин и во време како што е предвидено во техничките упатства, со што е доведена во прашање функционалноста на објектите и можноста за нивно користење согласно основната намена за која се изградени“, се вели во извештајот на Државниот ревизор. Кој управува со спортските објекти ... Во извешатјот се прави анализа и на начинот на кој се користат и издаваат спортските објекти. Меѓудругото се нотира: “Општините Чаир, Срарај и Тетово не располагаат со доказ од кој може да се утврди дали истите се користат, од кого и со каков интензитет. Во април 2015 општина Тетово носи одлука за користење на салата, согласно која спортската сала ќе се издава на користење врз основа на склучен договор и утврдена цена, по завршувањето на образовниот процес во училиштето“. Инаку, според извештајот, цената на издавање на спортските сали се движи од 400 до 1 200 денари, по издаден термин, чија должина не била регулирана, додека оставрените приходи на годишно ниво се движат од 1 800 до 402 000 денари. Проблеми има и со издавањето и користењето на фудбалски игралишта. “Во општина Битола фудбалските игралишта се издадени на друштва за спортски дејности кои не поседуваат решение за вршење дејност спорт, кое според законските решенија претставува услов за обезбедување на услови во однос на опремата, стручен кадар и учество во натпревари и други спортски активности“, нотира ревизорот. Планирано, неизградено ... Од 2006 година заклучно со крајот на март, 2015 година, биле предвидени да се изградат 315 објекти за спорт, а се изградиле 153 објекти или 49%. “Од увид во документацијата со која располага Агенцијата, ревизијата утврди дека од 2006 година заклучно со 30.03.2015 година, биле предвидени да се изградат 315 објекти за спорт, а изградени се 153 објекти или 49%“ Така, според ревизиорите во анализираниот период од 2006 до крајот на март, 2015 година, најголемо потфрлување во реализацијата на планираните спортски објекти има кај тениските игралишта, или предвидени биле 120 а иградени само 34 тениски игралишта. Потоа, планирани биле 42 спортски сали а се реализирала изградба на 32 сали, предвидени биле 50 фудбалски игралишта, а се изградиле 48, големо потрфлување има и кај повеќенаменските игралишта – планирана била изграба на 103 а се реализирале само 39. Р.Ф.        

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?