Режисерот на Ејс Вентура го дели своето богатство и одбива високи хонорари
Објавено во: Стил 08 Мај, 2013 16:00
Том Шадјак, режисерот кој некогаш на кино благајните заработуваше милиони долари со филмските хитови како што се „Ејс Вентура“, „Семоќниот Брус“ или „Налудничавиот професор“, одлучи да го отфрли раскошниот холивудски стил на живот.
По несреќата со велосипед во 2007 година, тој стана пречувствителен на бучава и светло, па холивудскиот сјај го замени со едноставен живот.
Режисерот се исели од раскошната вила во Pасадена и се пресели во мала куќа во Малибу, а својот приватен авион го замени со велосипед. Шадјак, исто така, повеќето од своите пари и приватни збирки ги подели, а за филмот, кој ќе го sними после седум години пауза, ја одби седмоцифрената сума и зеде хонорар од 218 илјади долари.
Пред две години сними документарен филм, во кој го прикажа своето преминување од живот на богаташ во живот на човек кој дарува. Во филмот зборува за се она што е погрешно во денешниот свет и за начините на кои можеме да ги поправиме сопствените животи.
- Верувам дека додека имав се, бев најмалку успешен. Живеев живот на богаташ и имав приватни вили и други луксузни работи. Не ми требаше приватниот авион. Тој ме чинеше 44 илјади долари за еден ипол час лет, а тоа е износ кој некој не го заработува ниту за една година, вели режисерот за Си-Би-Ес телевизија.
Поради тоа отвори засолниште за бездомници во Вирџинија, а парично ги помага здруженијата кои се борат против сиромаштијата.
- Што повеќе давам, тоа побогато се чувствувам. Се што сум дал, повеќекратно ми се врати. Замките на славата и богатсвото се токму тоа - замки. Никој на смртната посетела не жалел што немал повеќе пари. Сите зборуваат: Среќен сум што имав семејство кое го сакав, што бев дел од нешто, објаснува режисерот.
Шадјак во својот нов филм, римејк на францускиот филм „The Intouchables“ ќе се занимава со она што го научил во последните седум години.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:






