20 Декември, 2025
0.0480

Резиденцијален станбен комплекс Ветрило: За квалитетен живот во чиста еколошка средина

Објавено во: Економија 29 Февруари, 2016 08:34

Добивај вести на Viber

Место каде ќе го најдете вашиот духовен мир!

На само 6,5 км оддалеченост од строгиот центар на Скопје во близина на општинската зграда во населбата Сопиште, надвор од градскиот метеж и далеку од скопскиот смог започна изградбата на резиденцијалниот станбен комплекс Ветрило.  Репрезентативен објект интересен за сите семејства кои сакаат да започнат фамилијарна приказна во опуштена и незагадена средина, и да го најдат духовниот мир и хармонија. Целиот комплекс зрачи со позитивна енергија, становите ги карактеризира многу светлина и одличен внатрешен распоред. При проектирањето е обрнато внимание на многу мали детали, се со цел да се обезбеди хармонија и задоволство за идните станари.

1 (1)

Покрај модерниот надворешен изглед, со кој овој комплекс потсетува на луксузен медитерански објект, го карактеризира статика која е сеизмички проверена и одобрена од институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација што го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење на нивниот нов дом.  Цената по квадрат е значително поволна, што го прави овој објект вистинска животна инвестиција.

4 (1)

Комплексот се состои од 18 типски објекти поделени на три типа А, Б, В. Квадратурата на објектите е 120 м2 , распределени на два ката, приземје и кат. Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба, додека на катот се сместени спалните соби со две бањи и тераси. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движат од 200-240 м2, што е доволно да можат да се паркираат две возила и да се сместат содржини за рекреација.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/2W6XE8kLmnU[/embed]

Самиот комплекс е поделен со две внатрешни ново проектирани улици кои пак овозможуваат дополнителна приватност. Комплексот е  свртен спрема исток, југ и југо запад, локацијата е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени, и да не си пречат еден на друг, да има многу светлина и и да се овозможи и поубав поглед.

1 (1)

Загаденоста, секојдневниот стрес влијаат луѓето се повеќе да сакаат да живеат подалеку од градската гужва, во чиста еколошка средина, и со тоа да го заштитат сопственото здравје, кое е најголемиот луксуз денес.

Сопствен двор, базен, природа, чиста еколошка средина, мир и хармонија и многу сонце, се работите кои немаат цена. Инвестирајте паметно и на долг рок. За дополнителни информации испратете прашања на следниов меил intersoft.doo@gmail.com

Телефон 3227941, 3090204

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба