15 Декември, 2025
0.0319

Резников до руските војници: Гарантираме веднаш живот, безбедност и правда за сите кои одбиваат да се борат

Објавено во: Свет 07 Октомври, 2022 14:39

Добивај вести на Viber

Украина ги повика руските војници да се предадат. 

Министерот за одбрана Олексеј Резников денеска ги повика руските војници да го положат оружјето, ветувајќи им „живот и безбедност”. Тој додаде дека „ќе им се суди на тие што издале криминални наредби”.

„Сè уште можете да ја спасите Русија од трагедија и руската армија од понижување. Гарантираме веднаш живот, безбедност и правда за сите кои одбиваат да се борат“, изјави Резников на руски јазик.

Претходно, и украинскиот претседател Володимир Зеленски на руските војници им вети дека ако се предадат ќе добијат хуман третман, дека никој нема да знае во Русија под кои услови се предале, и дека ако се плашат да се вратат дома, и за тоа ќе најдат решение. Украинските власти излегоа со ваков предлог откако видоа дека Русија има потешкотии да мобилизира луѓе за војување. Скоро милион луѓе избегале од Русија за да ја избегнат мобилизацијата. Заминале во Турција, Казахстан, Србија, Белорусија. 

Во Белорусија веќе поскапе сместувањето поради напливот на Руси. Русија на 24 февруари ја нападна Украина. 

Можеби ќе ве интересира

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса