РФМ ги исплати премиите за репрезентациите

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2024 12:44
Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024 г.) ги исплати наградите на националните селекции во износ од:
– 2.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација, за пласманот на IHF Men’s World Championship 2025 кое ќе се одржи во Хрватска,Норвешка и Данска ;
– 1.000.000,00 денари на младинската селекција (машка конкуренција), за освоено 9-то место на M20 EHF EURO Championship 2024, кое се одржа во Р. Словенија ;
– 2.000.000,00 денари за пласман на женската сениорска репрезентација на Women’s EHF EURO 2024, кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија ;
Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на IHF Men’s World Championship 2025 по одиграните бараж натпревари со селекцијата на Фарски Острови. Сениорите својот настап на светското првенство ќе го имаат во градот Вараждин , Р.Хрватска и ќе разигруваат во прелиминарниот дел во групата со селекциите на Унгарија , Холандија и Гвинеја.
Машката кадетска ракометна репрезентација со прикажаните одлични настапи на M20 EHF EURO Championship 2024, веќе следната година ги очекува учество на IHF Men’s U21 Handball World Championship кое ќе се одржува во Полска во периодот 18 – 29.06.2025 год.
Женската сениорска репрезентација обезбеди пласман на Women’s EHF EURO 2024 преку квалификациите, како 2-ро пласирана во групата. Европското првенство годинава во женска конкуренција за прв пат ќе биде организирано со 24 селекции, а нашите сениорки својот настап во прелиминарната група ќе го имаат со селекциите на Унгарија, Турција и Шведска во градот Дебрецин, Р.Унгарија.
Со почит, Ракометна Федерација на Македонија , стои во соопштението на РФМ.
Можеби ќе ве интересира
Volkswagen Tayron ја имаше својата македонска премиера Нов SUV од Volkswagen во важен сегмент помеѓу Tiguan и Touareg

„Читај каде и да си!“ – летна акција на „Литература.мк“ со попуст до 50%

Халки поткаст – искрено и отворено за родителството

„Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски – хибридно прозно патување низ книжевноста, музиката и филмот

Отворени нови хоризонти за современите бизнис-лидери на конференцијата на М6 “Невронауката и иднината на лидерството”
ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Време е за паметен потег со решенија за штедење што носат резултати

Бимилк и Bitola Car Show: Кога стилот се сретнува со традицијата – во срцето на Битола

ВИДЕОЛОТАРИЈА ГЕНЕРАЛEН СПОНЗОР НА СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС
