14 Ноември, 2024
0.0263

ЗОШТО ДА ОСТАНЕМЕ ВО КОНТАКТ СО БИВШИТЕ?

Некогаш дел од тимот, засекогаш дел од семејството

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Алумни клубовите на поранешните вработени сè повеќе стануваат значаен дел од бизнис стратегијата, особено во компании кои ги ценат врските со луѓето. Овие платформи обезбедуваат простор за континуирано поврзување, размена на искуства и идна соработка, при што се нагласува вредноста на заедништвото.

Нови можности

За компаниите, алумни клубовите создаваат долгорочна вредност. Поранешните вработени, кои остануваат поврзани со организацијата, стануваат амбасадори на брендот –ја препорачуваат компанијата, споделуваат позитивни искуства и, честопати, се враќаат со нови вештини и перспективи. Одржувањето контакт со поранешните работници носи и можности за деловна соработка, а на тој начин алумни мрежите дополнително ја збогатуваат заедницата.

Од друга страна, поранешните вработени преку алумни клубовите добиваат вредна можност за дополнителен, професионален развој и вмрежување со колеги. Настаните, обуките и дискусиите организирани преку овие мрежи придонесуваат за нивниот напредок и им овозможуваат да останат во тек со трендовите.

Каква е ситуацијата на Балканот?

На Балканот, концептот на корпоративни алумни клубови сè уште е во развој, но сè повеќе компании ја прифаќаат оваа идеја за да ги зајакнат односите со поранешните вработени и да создадат трајни вредности. Како што глобализацијата на пазарот на труд расте, се очекува дека бројот на вакви иницијативи ќе се зголемува, бидејќи компаниите ја препознаваат важноста од поврзување со таленти дури и по завршувањето на нивниот работен ангажман.

Еден таков клуб неодамна беше формиран во Нелт, компанија која работи на 12 пазари во регионот на Балканот (или југоисточна Европа) и Африка. На Нелт Алумни клубот му припаѓаат сите поранешни вработени кои придонеле Нелт, по повеќе од 30 години работење, да биде тоа што е денес. Културата на заедништво на вработените во Нелт е широко позната на пазарот на трудот и е прикажана во музичкото видео  You’ll never walk alone, познатата химна на клубот Ливерпул, која ја препееeja и преработија токму вработените во Нелт.


Токму тоа е поентата на алумни клубовите – You’ll Never Walk Alone, останувањето поврзан со луѓето со кои сме изградиле нешто значајно создава нераскинливи врски.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

РФМ ги исплати премиите за репрезентациите

РФМ ги исплати премиите за репрезентациите

Довербата е клуч за успешна соработка - Дејан Доксимовски, Директор на Дирекција Банкарство за население во УНИБанка

Довербата е клуч за успешна соработка - Дејан Доксимовски, Директор на Дирекција Банкарство за население во УНИБанка

Maжи на годината 2024 - и оваа година ги бираме најуспешните мажи во Македонија Настанот кој се одржува 7ма година по ред оваа година ќе блесне во Националната Опера и Балет

Maжи на годината 2024 - и оваа година ги бираме најуспешните мажи во Македонија Настанот кој се одржува 7ма година по ред оваа година ќе блесне во Националната Опера и Балет

MINT Fintech Group внесе свежина на eCommerce конференцијата

MINT Fintech Group внесе свежина на eCommerce конференцијата

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Што е кредитна историја и како да ја задржите на добро ниво?

Што е кредитна историја и како да ја задржите на добро ниво?

Samsung ја претставува серијата Galaxy A16, која вклучува два нови уреди

Samsung ја претставува серијата Galaxy A16, која вклучува два нови уреди

Есенски извештај – овие трендови не смеете да ги заобиколите при изборот на накит!

Есенски извештај – овие трендови не смеете да ги заобиколите при изборот на накит!

„ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ Е ДОМАЌИН НА ЧЕТИРИНАЕСЕТТИОТ ПЕНЗИСКИ ПАРК ВО РАМКИ НА КАМПАЊАТА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“

„ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ Е ДОМАЌИН НА ЧЕТИРИНАЕСЕТТИОТ ПЕНЗИСКИ ПАРК ВО РАМКИ НА КАМПАЊАТА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“