08 Декември, 2024
0.0310

Која скопска фирма од државата за одржување и чистење ќе земе 8 милиони евра за три години?

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Октомври е златен месец за скопската фирма „Ланд – сервис“. Во два тендери во ист ден оваа компанија доби тригодишен бизнис вреден 8 милиони евра. Станува збор за тековно одржување на државни објекти како и за одржување на хигиената во нив. „Ланд-Сервис“ кој лани за цела година приходувал вкупно 1,7 милиони евра сега само од едниот тендер на СОЗР ќе земе толку пари годишно.

„Ланд-сервисис“ ДООЕЛ Скопје, за која што веќе пишувавме, е добитник на уште еден милионски тендер од владината Служба за општи и заеднички работи. Овој пат станува збор за тековно одржување и тоа во три години ќе чини 3,6 милиони евра.

Услугата за тековно одржување се однесува на водовод, електрика, термо-технички инсталации, градежно-занаетчиски работи, столарски и општи работи. Договорот трае три години.

Станува збор за одржување на вкупна површина на државни објекти во износ од околу 105.000 квадратни метри. Од таа површина внатрешен простор односно канцеларии се 87.353 квадратни метри, а подрумски простории и гаражи се 17.455 квадратни метри.

За одржување на квадратен метар канцелариски простор СОЗР ќе плати 9 евра месечно (без вклучен ДДВ), а за тековно одржување на квадратен метар гаражи и подрумски простории се плаќа 0,36 евра месечно.

Договорот за овие услуги го добила скопската компанија Ланд-сервис ДООЕЛ која за три години од државниот буџет ќе наплати 3,61 милиони евра (без ДДВ).

Договорот меѓу СОЗР и прилозите се јавно достапни на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/contracts/0

Заедно со набавката на услуги за чистење и одржување хигиена во канцеларии, тоалети, ходници, гаражи, подруми, надворешни површини и патеки за кои веќе пишувавме. „Ланд -сервис“ за три години од државниот буџет ќе наплати 8 милиони евра.

Повеќе детали за овој тендер на овој линк https://faktor.mk/koj-kje-brishe-prashina-vo-drzavni-kancelarii-i-za-toa-kje-naplati-455-milioni-evra

Кој е „Ланд -сервис“?

Според официјални достапни податоци од ЦРМ станува збор за скопска фирма чија основна дејност е чистење згради. Оваа година за „Ланд -сервис“ е посебна, затоа што таа ќе добие два државни тендери вредни 8 милиони евра. Сопственик на компанијата која лани оствари приход од 1,7 милиони евра и добивка од 60.000 евра е Нектариос Николаидис. „Ланд – сервис“ вработува 200 лица, а е основана во 2006 година. 

Р.Ф.

foto freepik.com/thanyakij-12

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат