06 Декември, 2024
0.0281

Довербата е клуч за успешна соработка - Дејан Доксимовски, Директор на Дирекција Банкарство за население во УНИБанка

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Изборот на банка е прашање на доверба.

Тоа не претставува само избор на институција преку која ги реализираме финансиските трансакции, туку истовремено од вработените во истата се очекува разбирање, најдобри совети, достапност и взаемна почит.

Во УНИБанка секогаш се води сметка клиентите да бидат задоволни и затоа постојано се овозможуваат и креираат бројни бенефити и поволности за нив.

Во континуитет се поттикнуваат иновации и поддржуваат технолошки подобрувања, со цел клиентите  да заштедат време и енергија, а воедно да добијат поголема сигурност во брзата реализација на различни банкарски активности, а секако и во управувањето со финансиите.

За предностите од дигиталното банкарство, за трендовите и очекувањата во овој сегмент разговаравме со г. Дејан Доксимовски - Директор на Дирекција Банкарство за население во УНИБанка.

Клиентите - физички лица секогаш биле во фокусот на УНИБанка АД Скопје. Последен новитет е воведувањето на новата премиум дебитна картичка Mastercard®World Debit. За кого е наменета и кои се бенефитите?

Mastercard® World Debit е картичка за луѓе кои преферираат безготовинско плаќање, што често патуваат и сакаат да купуваат онлајн, а со тоа да добијат и дополнителни придобивки.

Оваа картичка овозможува Cashback поволности во висина од 0,4%, бесплатно повлекување готовина од било кој банкомат во земјава, бесплатни УНИСМС известувања, како и највисоки 3D-Secure стандарди за безбедно купување преку интернет. Воедно корисниците на оваа картичка имаат низа други бенефити меѓу кои неограничен број на бесплатни трансакции преку електронско и мобилно банкарство (за интерни плаќања, КИБС и МИПС).

Исто така, Mastercard®World Debit картичката обезбедува заедно со уште еден придружник да има бесплатен пристап на Airport Lounge клубот на аеродромите во Скопје, Виена, Софија, Белград и Истанбул, што претставува голема привилегија.

Mastercard®World Debit картичката овозможува Cashback поволности, како и кредитните картички издадени од УНИБанка со бројни други бенефити. Кажете ни нешто повеќе?

Како што споменав, со Mastercard®World Debit картичкатаобезбеден е Cashback или поврат на средства во висина од 0,4% од износ на секоја ПОС трансакција, а исплататае на денарската или девизната сметка, зависно од тоа која сметка се користи. Со оваа картичка е овозможено и плаќања во трговската мрежа - без провизија.

Додека пак со кредитните картички на УНИБанка се добива Cashback или поврат на средства од 0,5% и тоа за секоја трансакција. Може да се користи лимит на средства до висина на 4 плати и со 0% каматна стапка за првите 40 дена. Исто така, може да се купува на рати без камата, преку ПОС терминалите на УНИБанка, а овозможени се и попусти кај бројна листа на соработници на Банката.

УНИБанка е во тренд и со развојот на  дигиталните услуги. Кои се бенефитите од онлајн банкарските операции?

Денес времето е навистина скапоцено. Да се има онлајн пристап до апликација преку која лесно се управува со финансиите без вложување на дополнителна ангажираност е навистина големо олеснување. УНИFlex пакетот на услуги од УНИБанка е дизајниран токму во таа насока, да овозможи комфорт при користење на банкарските услуги, истовремено и значителна заштеда.

Преку оваа услуга заштедуваме време и финансиски средства и најважно не зависиме од работното време на Банката. Преку овој пакет може да се користат сите банкарски услуги 24/7, а потребна е само интернет конекција.

УНИFlex пакетотовозможува флексибилноство извршувањето насите потребни банкарски операции, односно бесплатен неограничен број на трансакции преку електронско/мобилно банкарство (интерни плаќања, КИБС,МИПС), бесплатен неограничен број повлекувања на готовина од туѓи банкомати во земјата со дебитна картичка како и СМС известување при секоја трансакција.

А она што е дополнителна поволност е дека сите нови корисници - физички лица имаат можност овој период пакетот да го добијат бесплатно за користење во првите три месеци, а активирањето е едноставно и може да се изврши онлајн.

Истовремена можност за брза и едноставна постапка еонлајн аплицирање преку електронското банкарство за кредитен продукт по потреба на клиентите. Постапката е целосно електронска - од апликација до одобрување и исплата.

Со користење на онлајн банкарство (мобилно и електронско банкарство) се намалува и потрошувачката на хартија, односно се штедат природните ресурси, тенденција која е високо на листата на приоритети на УНИБанка.

УНИБанка во континуитет развива програми за наградување на клиентите, последна е програмата “Сподели го задоволството - Доведи пријател и освој бонус!” За што се работи?

Станува збор за програма наменета за физички лица, корисници на продукт или услуга од УНИБанка, кои имаат можност со споделување на своето позитивно искуство со своите пријатели, роднини, и препорачување да аплицираат за одреден кредитен продукт или услуга на УНИБанка да освојат бонус до 5.000 мкд. Лојалноста на клиентите се вреднува и истата ја наградуваме на различни начини.

Последниве години расте бројот на клиенти, физички лица кои се дел од УНИБанка. Тоа укажува на високото ниво на доверба која ја имаат во Банката. Која е причината за тоа?

Континуираните иновации во работењето, воведувањето новитети според потребите на клиентите, нивната поддршка, како и градењето взаемен однос на почитување секако дава резултати. Како Банка се трудиме да се прилагодиме на новите времиња и трендови, со цел да го подобриме клиентското искуство.

Од друга страна пак, добрите финансиски резултати на Банката, 31 годишното искуство и знаење, изградената доверба, континуитетот во воведувањето банкарски иновации, придонесуваат кон градење позитивен имиџ и преференција кон УНИБанка. Сето ова е причина денес УНИБанка да се препознава на пазарот  како сигурна, динамична и современа банка, да биде посакувана банка за соработка од населението во земјава.

Тоа е само дел од причините за растот на физичките лица кои штедат во УНИБанка, кои тука имаа своја сметка и користат електронско банкарство. Довербата е клучот!

Тоа истовремено за нас претставува и предизвик успешно да продолжиме со работа и во иднина.

Растеме како Банка и го зголемуваме бројот на клиенти. Работата со население е важно за нас, затоа и во иднина ќе се трудиме да ја оправдаме укажаната доверба.

УНИБанка е повеќе од Банка, таа е партнер, поддржувач на секој еден граѓанин во земјава.

Бидејќи УНИБанка е Твојата банка.

пр објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!

„Соба на бајките“ - Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“ донираа библиотека во Детската клиника - Скопје

„Соба на бајките“ - Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“ донираа библиотека во Детската клиника - Скопје

ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР започна серијал на едукативни работилници за градење вештини за жени претприемачи

ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР започна серијал на едукативни работилници за градење вештини за жени претприемачи

ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје слави десет години успех и иновации

ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје слави десет години успех и иновации

„The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“: Иднината започнува сега!

„The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“: Иднината започнува сега!