29 Април, 2024
0.0327

Ричард Бренсон: Не би преживеал ниту еден ден без асистентката Хелен

Објавено во: Стил 06 Април, 2013

Добивај вести на Viber

„Додека уредите како што се паметните телефони и таблети сигурно имаат огромно влијание врз мојот професионален живот, луѓето кои ме опкружуваат се оние кои навистина ја прават разликата. Јас не би можел да преживеам ниту еден ден без својата лична асистентка Хелен ", призна во својот блог на ЛинкедИн, еден од најбогатите Британци, Ричард Бренсон. Сопственикот на компанијата Вирџин, чие богатство се проценува на 4,6 милијарди долари, за Хелен, вели дека е неговиот "втор мозок". „Хелен патува со мене во цел свет, добро е да се има околу себе флексибилна и социјална личност. Со толку многу работи што ги имам на ум, да имате дополнителна меморија е многу важно. И пред да побарам од неа да направите нешто, таа ми ги чита мислите и точно знае што сакам “, пишува Бренсон признавајќи дека не е еден од оние милијардери кои можат се да направат самите, туку верува во уметноста на делегирање и споделување задачи со тимот. „Луѓето често ме прашуваат како успевам да водам бизнис во десетици различни земји и индустрии низ целиот свет. Имајќи асистент кој го држи конците во рацете на 24-часа, седум дена во неделата, е главната причина што тоа е можно", вели Брансон. Многумина ја користат технологија која ги заменува асистентите, но за тие бизнисмени Бренсон верува дека губат многу, бидејќи асистентите според него се одличен резонатор што им носи нови мисли и свежи идеи. Бренсон во својот блог додава и дека досега секогаш правел вистински избор кога станува збор за својот прв помошник.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти