20 Декември, 2025
0.0399

Ристовски:Ќе се зајакне системот на контроли за корисници на социјална помош

Објавено во: Економија 19 Април, 2013 13:54

Добивај вести на Viber

Министерството за труд и социјална политика ќе го зајакне системот на контроли за корисници на социјална помош и ќе презеде мерки против лицата кои ја злоупотребиле оваа помош, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Според него, Министерството не може да спречи определени граѓани да се обидуваат да го злоупотребат законот, но затоа ќе го зајакне целиот систем во смисла на електронско поврзување и генерирање на дневна основа на податоци, дали некој во периодот додека го искористувал правото остварувал и дополнителни приходи.

- Нашата крајна цел е да почнеме да добиваме информации на дневна основа за секоја промена кај кој било граѓанин кој е корисник на социјална помош. Имено, со доказ врз основа на податоци кои што ги добиваме од надлежни институции секој кој што на каков било начин се обидел да го злоупотреби системот - истовремено да прима социјална помош и да остварува приходи кои се надвор од рамката која што ја дозволува законот, за сите ќе бидат поведени соодветни постапки пред надлежни судови и на никој нема да им биде простен долгот, односно злоупотребата на буџетски средства.

Според Ристовски, ваквата злоупотреба значи директно крадење од џебовите на оние лица на кои им е неопходна социјалната помош и власта и Министерството нема никогаш да го дозволат и да го толерираат тоа.

- Секој оној кој се обидел да злоупотреби буџетски средства се обиде да злоупотреби можност да се зголеми социјалната помош за оние деца кои немаат да јадат, за оние семејства кои немаат да се прехранат и на кои што навистина им е неопходна помошта, рече министерот Ристовски, кој денска со претставници на Црвениот крст на град Скопје во соработка со училиштето за лица со оштетен вид „Димитар Влахов“ го промовираше првото мени на Брајово писмо.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба