28 Март, 2024
0.0343

Ризаов: Ако „груевизмот“ кој беше соборен се замени „заевизам“, тоа ќе биде уште поголема катастрофа

Објавено во: Анализа 10 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Новинарот Ерол Ризаов за Фактор дава оценка на досегашното владеење на премиерот Зоран Заев и за работата на новата влада, дали има напредок или нови аномалии.

Точно е дека владата предводена од Зоран Заев е 6 месеци на власт, но на нејзиното конто е 1 година.Tочно на 11 декември, откога се одржаа изборите, значи веќе една година е помината, а имајќи во вид дека последната 4 година е изборна, оваа влада ефекитвно за работа има уште две години. Така што за ефектна работа и останаа две години, тоа е мал период да се направат некои крупни работи, но и доволен период ако се посвети на големата слика, на стратешките интерси на државата, тогаш може да се постигнат резултати.

Бидејќи очекувањата се големи, резултатите треба да се испорачаат брзо. И ако се подразмислиме што се е направено за шест месеци, може да се констатира дека тоа не е малку.

Во делот на правосудството забележуваме дека има отрезнување и освеживање. Веќе се регистрирани сериозни судски истраги. Исто така, притисокот на јавноста за првите грешки на новата влада се жестоки, тоа пак покажува дека кај јавноста има една нарасната свест. Евидентно е дека има јасно ослободување од стравот, тоа е видливо и во медиумите. Но, сепак се ова не е доволно за да се каже дека се завршени многу работи, напротив тек е почеток..

Ако успее новата влада, интелкетуланите елити сите оние кои го соборуваа режимот, да направат еден нов амбиент во државата а тоа е критика на власта. Се очекува решение и на проблемите со евроаталнските интегарции, иако веќе има најави, сепак таа офанзива и еуфорија не е сосем сигурна, барем додека не видиме нешто опипливо. Сметам дека и чесноста, владеењетото на правото ќе бидат најголема придобивка. Власта е расиплива работа и ние по првите денои од функционирањето видовме сериозни најави за грешки, но исто така и жестоки реакции на јавноста..

Јас чество велам, дека ако „груевизмот“ кој беше соборен се замени „заевизам“, тоа ќе биде уште поголема катастрофа.

Сметам дека треба да се искорсти оваа историска шанса и да се направи исчекор, јас верувам во тоа. Дополнително, владата нека си се подготви со поголема самодоверба, нека се подготви и на критиките и на протестите, бидејќи сите влади и шведската и норвешката се соочени со критики, а камоли една балканска влада на држава која тукушто излегла од режим.

Од 11 декември лани до сега, се што се случува лошо е на сметка на новата власт, тие не може долго да се занимаваат со тоа што некогаш било, туку треба да се занимаваат со тоа што ќе биде.

Ерол Ризаов, новинар

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот