РОБОТ УБИ РАБОТНИК: Го помешал со гајба зеленчук
Објавено во: Свет 09 Ноември, 2023 10:07
Индустриски робот згмечил вработен техничар во фабрика во Јужна Кореја, кој починал како последица на повредите.
Несреќата се случила во неименувана фабрика, за време на работниот процес, во која роботот најверојатно по грешка помешал човек и гајба зеленчук, пренесува АП.
Полицијата истражува дали роботот бил небезбеден или дали машината не функционирала. Против одговорните за безбедност во дистрибутивниот центар е отворена истрага и се истражуваат околностите на несреќата.
– Не станува збор за напреден робот, зајакнат со вештачка интелигенција, туку за машина која едноставно собира гајби или кутии и ги става на палети – изјави Канг Џин-ги, кој ја води истрагата во полицијата.
Според полицијата, смртоносната несреќа се случила во вторникот околу 19 часот и 45 минути во земјоделски дистрибутивен центар во провинцијата Јужен Гјеонгсанг.
Роботот, инаку, е дизајниран да зграби кутии со пиперки и да ги стави на палета. Кога техничар за роботика (40) ги проверувал сензорите на роботот, го зграпчил, го турнал со горниот дел од телото на лентата за склопување, згмечувајќи му ги градите и лицето.
Мажот бил пренесен во болница, но им подлегнал на тешките повреди, јави агенцијата Јонхап, повикувајќи се на информации од полицијата.
Се претпоставува дека дошло до дефект во функционирањето на роботот.
Инаку, ова не е прва несреќа од ваков вид во Јужна Кореја. Во март, маж од Јужна Кореја беше тешко повреден откако беше заробен од робот во фабрика за автоделови.
Можеби ќе ве интересира
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму




