19 Декември, 2025
0.0349

Родила дете на одмор – и стигнала сметка од еден милион долари!

Објавено во: Свет 22 Ноември, 2014 15:34

Добивај вести на Viber

Канаѓанката Џенифер Хусулак-Кимел е мајка на едногодишното девојче Рис, кое го роди за време на одморот на Хаваи. Девојчето се родило во октомври минатата година, девет недели предвреме, и поминало шест недели во инкубатор во болницата Капиолани. По недела и пол хоспитализација Џенифер ја известиле дека здравственото осигурување што го платила пред патувањето не ги покрива трошоците за овој болнички престој. Ја контактирала осигурителната компанија која и ветила дека се ќе биде решено. Но, шокот следувал откако од болницата и доставиле сметка на речиси еден милион долари. „Бевме во шок кога ја видовме сметката од 950.000 долари. Токму од тие причини уплативме осигурување за да можеме да избегнеме вакви ситуации. Ние плативме премија, а тие треба да ја платат сметката“, вели сопругот на Џенифер, Дарен. Тој нагласува дека нема начин да ја платат високата сметка и единствено што можат е да прогласат сопствен банкрот. Канаѓаните сега собираат пари за да им помогнат на нивните сограѓани да си ја платат сметката на Хаваи.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја