06 Декември, 2025
0.0308

Родители, овие реченици никако не кажувајте им ги на вашите деца!

Објавено во: Стил 28 Октомври, 2014 16:53

Добивај вести на Viber

Зборовите знаат да повредат, знаат да бидат болни, како за нас, така и за децата. Тие имаат голема важност при воспитувањето на вашето дете. Затоа треба да се внимава кои реченици ги употребувате додека го воспитувате или карате вашето дете.

Иако децата често знаат да бидат „напорни“ или „досадни“, во ниеден момент не смеете да ги изговорите следниве „оштри“ реченици:

- Зошто не си како твојот брат / сестра /другар / ка ?

Вака се прават комплекси кај детето. Ниедно дете не сака споредба и тоа во негативна смисла.

- Доколку веднаш не престанеш со тоа, ќе те оставам тука!

Заплашување со напуштање, не е средство за да ја постигнете целта. Детето мора да знае дека родителот никогаш нема да го напушти.

- Затоа што јас така велам, ете затоа!

И децата сакаат објаснување, така учат. - Остави, јас ќе го направам тоа!

Треба сами да ја осетат својата способност и знаење, доколку се нафатат сами нешто да прават.

- Ти навистина си лошо дете!

Детето така и ќе се однесува. Немојте ова да му го повторувате, а доколку мора да го укорите, тогаш речете му дека тоа што го направило е лошо, а не само детето.

- Заради тебе се разделивме (разведовме) !

Никако и никогаш! Ова не смее да се каже на дете, кога и сами знаете и свесни сте дека детето е најмалку виновно за вашата положба.

- Жал ми е што те родив!

Оваа реченица, може детето да ја памети цел живот, заборавете ја!

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: