05 Декември, 2025
0.0421

Родителите ја советувале да штеди за автомобил – ги послушала и „заштедила“ 250 милиони долари

Објавено во: Стил 25 Октомври, 2013 14:58

Добивај вести на Viber

Изабела Бела Вимс за својот 16 роденден посакала автомобил, но родителите и рекле дека ќе мора самата да го заработи. Тоа се случило пред три години кога Бела имала само 14 години, а родителите ја советувале и дека најдобриот начин е да стартува сопствен бизнис и на тој начин да дојде до посакуваниот автомобил, пишува Forbes. Тоа веројатно бил најдобриот совет што го добила и набргу добила идеја да основа компанија која ќе продава накит од релативно непознати дизајнери на поголем пазар по малку повисока цена од онаа што самите ја одредиле. Компанијата ја нарекла Origami Owl, а од 2010 година до 2012 заработила 24 милиони долари. До крајот на годинава очекува дека тој профит ќе порасне на неверојатни 250 милиони долари. Таа почнала самата да истражува и ги побарала од родителите нејзините 350 долари што ги заработила чувајќи деца, а тие и додале уште толку. Со тие пари купила материјал и ги изработила првите медалјони кои почнала да ги продава на своите пријатели и на нивните познаници. Кругот на купувачи набргу се ширел, а веќе на крајот на 2010 година отворила штанд во локалниот шопинг центар. Таа почнала да го рекламира својот рачно изработен накит, а го продавала и на сајтови и на домашни забави, односно секаде каде што ќе стигнела. Денес преку Origami Owl се рекламира и продава накит на повеќе од 50.000 дизајнери, а во компанијата се вработени околу 370 луѓе кои најчесто се ангажирани околу магацините. Бела има поддршка од целата фамилија, а нејзината мајка Криси и била голема помош при основањето на фирмата и разработувањето на маркетинг планот, а дел од фирмата се и нејзината тетка и вујковците. Минатата година, таа конечно дошла до автомобилот од кој се тргнало. Сега е сопственик на бел Jeep, а за да покаже дека богатството не и удрило во глава, водството над компанијата ќе го преземе дури откако ќе заврши со школувањето.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: