РОДНИНА НА ПРАТЕНИЧКАТА БИСЕРА ЗЛАТЕСКА Е НАЗНАЧЕН ЗА КОМАНДИР: Левица обвинува за најновиот скандал кој доаѓа од МВР

Објавено во: Македонија 29 Март, 2025 11:50
Левица повторно упати остри критики кон владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,
обвинувајќи ја за континуирана партизација на институциите и поставување кадри
по роднински и партиски линии. Според
нанводите на Левица, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски,
врши кадровски именувања без критериуми, фаворизирајќи лица со блиски семејни и
партиски врски.
-Очигледно
владата предводена од Мицкоски користи само празни флоскули за борба против
трулиот систем, додека во пракса продолжува бруталната партизација и
поставување кадри по роднински линии. За влијанието на непотизмот кај
министерот Тошковски, Левица и во минатото реагираше, кога на Факултетот за
безбедност беше избран неговиот баџанак за професор, наместо студент на
генерација. Најновиот скандал кој
доаѓа од министерството на Тошковски е именувањето на командир на ПС Македонски
Брод, каде назначен е деверот на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бисера Златеска.
Минатата недела, во денови на жалост, додека власта ја замајува јавноста дека
ќе се бори против девијантните појави во системот, Тошковски одлучи токму Жарко
Златески да го именува за командир, роднина на актуелна пратеничка од редовите
на власта. За катастрофалните
кадровски одлуки на Тошковски, флагрантен пример е актуелниот државен секретар
во Министерството за внатрешни работи - Сашо Петрушевски, воедно и кадар на
ЗНАМ. Токму Петрушевски, од истото министерство во кое сега е назначен како
државен секретар, добил кривична пријава за местење тендер вреден над еден
милион евра. Дополнително, во 2004 година Петрушевски како директор на ЈП ЕСМ
Куманово бил обвинет за местење на тендер во вредност од еден милион евра, а 10
години подоцна во 2014 година на друга функција како директор на ЈП “Чистота и
зеленило“ Куманово заработува кривична пријава за злоупотреба на службената
положба, со што повторно го оштетил буџетот за 85 илјади евра.
Еклатантен пример за тоа дека услов за вработување во МВР е да си партиски
активист со кривична пријава е екс-претседателот на Државната изборна комисија,
Оливер Дерковски. Дерковски, како долгогодишен член на ДПМНЕ, сега е вработен
како советник на министерот Тошковски. Токму Дерковски во минатото доби
кривична пријава за маловерзации со компанијата „Дуна”, а за време на
парламенарните избори во 2020 година. Се работи за скандалот кога сајтот на ДИК
неколку часа не беше во функција поради контроверзната компанија „Дуна”, која
го доби тендерот од ДИК. Јасно
е дека и Владата на Мицкоски нема ниту политички капацитет, ниту пак волја, да
се ослободи од овие вечни функционери со криминално минато кои што граѓаните ги
плаќаат од својот џеб. Додека министрите од ДПМНЕ секојдневно говорат за
системски пропусти, тие бегаат од сопствената одговорност дека токму тие го
градеа и продолжуваат да го градат овој длабоко корумпиран систем, каде
партизацијата во секоја пора создаде неефикасни институции кои не можат да ја
гарантираат ниту безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението на Левица.
Можеби ќе ве интересира
ТАРАВАРИ ВЕЛИ ДЕКА МИЦКОСКИ Е ВО ПРАВО, А НЕ ПЛАНИРА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ВЛАДА: Еве што вели првиот човек на здравството

НАД 2.500 КАЗНЕТИ ВОЗАЧИ ЗА ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД - не почитувале брзина, непрописно се паркирале, немале возачка...
СДСМ прашува кој ја диригира соработката со нарко клановите - ВМРО возвраќаат: „Законот важи за сите“

ТАРАВАРИ СООПШТИ УБАВИ ВЕСТИ: Закрепнаа 93 пациенти, подобрена е состојбата на еден од четворицата во критична состојба, во странство се лекуваат уште 100 пациенти

МИСЛАМ ДЕКА СМЕ НАЈДОБРИ ДРУГАРИ, ИЛИ НЕ СМЕ? Трендафилов контра Петрушевски

„ДАЛИ Е ТОЧНО ДЕКА НЕ СТЕ ОБЕЗБЕДИЛЕ ЗАШТИТНА ОПРЕМА“: Левица обвинува за притисоци врз вработените во Македонски шуми
СПОРЕД ССМ НИ ТРЕБААТ МИНИМУМ 1.000 ЕВРА, СПОРЕД НУМБЕО ДУРИ 1.800: Што велат граѓаните, колку пари се потребни за да се помине месецот?

ПОЧНАА КРАЖБИТЕ НА ХИДРАНТИТЕ И НИВНИ ДЕЛОВИ: Џабе станарите купуваат, некој од влезовите масовно краде и се богати

ГРЧЕВА ЗА „ШАРЕНИТЕ“: „Што мислевте, од идеализам шетаа и шараа? Или многу ја сакаа криминалката Ката?“
